Нови снежни врнежи од понеделник, надлежните подготвени

Управата за хидрометеоролошки работи според временската прогноза најавува нови снежни врнежи од понеделник а управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи  информира дека сите надлежни институции се подготвени. 

Од управувачкиот комитет со препорака сите граѓани на Република Македонија кои сметаат дека се загрозени, како и сите граѓани кои имаат сознанија дека други граѓани може да бидат загрозени од снежното време и ниските временски температури, да се јават на бесплатниот телефонски број 195 во Центарот за управување со кризи, со цел нивно понатамошно навремено доставување на информациите и податоците до сите надлежни институции.

 Донесен е заклучок да се активира Главниот штаб, кој постојано ќе заседава и ќе ги следи тековно состојби од снежното време и ниските временски температури.  Полициските сили на Министерството за внатрешни работи и припадниците на Армијата пак, да бидат подготвени за итни интервенции доколку е потребно.

 Воедно, МВР, во соработка со ЈП „Македонија пат", треба да го зголемат бројот на дежурни служби и сообраќајни контроли и патроли, особено на повисоките места, кои ќе ги предупредуваат возачите за задолжително поседување на зимска опрема, но и медицинска кутија за прва помош, а по потреба ќе информираат и за забрани за движење и пренасочување на тешки товарни возила стои во заклучоците на управувачкиот комитет.

Возилата и механизацијата на ЈП „Македонија пат" да бидат во постојан и континуиран ангажман, со цел одржување на возната состојба на патиштата и нормална проодност.

Министерството за труд и социјална политика, во соработка со Црвениот крст, веднаш да ги преземе сите потребни активности за навремено и превентивно згрижување на сите бездомни лица, не само од територијата на Град Скопје, туку од целата територија на државата како и навремено доставување на неопходни лекови или други медицински средства и слични неопходни потреби.

Предвидено  е да има и зголемен број на итна медицинска помош како и поголема подготвеност на центрите за ургентна помош.

МВР со детали за вчерашното убиство на маж во Рашче

МВР излезе со детали во врска со убиството на мажот во скопското село Рашче , отакако вчеравече обвинителството објави дека неговото тело е однесено на обдукција.

Вчера околу 15 часот на влез во с. Рашче-Скопје, додека Ш.Џ. (69) од с.Сарај-Скопје, се движел со патничко моторно возило „Голф 3“ со скопски регистарски ознаки, кон него било пукано од патничко моторно возило при што Ш.Џ. починал на местото на настанот.

Извршен е увид од страна на Јавен обвинител  и екипа од СВР-Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.

Пендаровски во посета на Марков Манастир: Само со меѓусебно почитување може да изградиме општество што обезбедува мир и благосостојба за сите

По повод христијанскиот празник Велики петок, кандидатот за претседател Стево Пендаровски заедно со семејството беше во посета на Марков манастир во населеното место Маркова сушица. 

При посетата, Пендаровски упати порака на помирување, заедништво и благосостојба во велигеднските денови што претстојат.

- Во овие денови кога сме препуштени на духовниот мир и личниот спокој, да испратиме порака дека толеренацијата, пријателството, меѓусебното почитување и помагање не се само христијански, туку и универзални човечки вредности. Само со почитување на овие вредности и денеска и секој ден во годината, може да создадеме општество што обезбедува мир и благосостојба за сите. Само ако меѓусебно се помагаме и разбираме можеме да одиме заедно напред кон подобра иднина за нас и за следните генерации, порача Пендаровски.

Дваесетгодишни момчиња од Шуто Оризари фатени како шверцуваат мигранти

Во близина на ТЕЦ Неготино , полицијата , по потера со автомобили , уапсила двајца 20 годишни жители од скопската населба Шуто Оризари како шверцуваат четворица мигранти од Авганистан.

Вчера попладне во 17:20 часот од страна на униформирани полициски службеници  од Полициската станица Неготино и униформирани полициски службеници  од полициската станица за граничен надзор Михајлово, кај с.Миравци на автопатот Демир Капија-Неготино, било забележано патничко моторно возило „Фиат браво“, управувано од И.Е. (20) од нас. Шуто Оризари-Скопје, а во кое се превезувале мигранти.

Полициските службеници се упатиле по возилото, но И.Е. наместо да застане, ја зголемил брзината. Во близина на ТЕЦ-Неготино, И.Е. излетал од коловозот.

Возачот и совозачот Ф.Р. (20) од Скопје се обиделе да избегаат, но од страна на полициски службеници  се приведени. Во возилото биле затекнати четири лица од Авганистан.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, се наведува цво соопштението од МВР.

притисни ентер