Општина Куманово ги повика физичките лица и правните субјекти да поднесат даночна пријава

Општина Куманово ги повика даночните обврзници да поднесат пријава за утврдување данок на имот за 2019 година и пријава за утврдување комунална такса за фирма на деловна просторија.

Пријавите треба да ги поднесат правните субјекти и физичките лица кои во 2019-та година стекнале имот или почнале да го користат минатата година, а не поднеле пријава, за кој настана промена во сопственоста и во вредноста (доградба, надградба, довршување, проширување и слично). Пријава треба да поднесат и сите даночни обврзници кои поседуваат имот што се оданочува, а кои во период од 1994 до 2018 година не поднеле даночна пријава за утврдување на данок на имот.

Даночната пријава треба да се поднесе до Секторот за даноци и такси, најдоцна до 31 јануари 2019-та година. Даночниот обврзник кој поднел даночна пријава за период од 1994 до 2018 година, а кој нема промена во сопственоста или вредноста на имотот не поднесува даночна пријава.

Даночните обрврзници кои нема да поднесат даночна пријава во определените рокови по оваа покана, ќе се казнат со парична казна за сторените прекршоци, согласно Законот за даноците на имот, стои во соопштението на oпштината

Пријавата за утврдување комунална такса за фирма (назив) на деловна просторија, односно деловна единица поднесуваат таксените обврзници самостојни вршители на дејност и правните лица за регистрирана фирма (назив) на деловна просторија односно деловна единица за извршување на соодветна дејност кои досега немаат поднесено пријава до надлежниот орган за утврдување на обврската по основ на комунална такса.

Пријави треба да поднесат и таксените обврзници кои имаат поднесено пријава за утврдување на обврската по основ на комунална такса за фирма (назив) на деловна просторија односно деловна единица кај кои во досегашниот период постојат промени.

Апелација на јавна седница ќе одлучува за притворот на Мијалков

Апелацискиот суд во Скопје денеска на јавна седница ќе ги разгледува жалбите на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, за мерката притвор што му беше определена при изрекувањето на пресудата во случајот „Титаник 2″.

Во првостепената пресудата за „Титаник 2" Мијалков е осуден на три години затвор, Мендух Тачи на три години и два месеци, Бедредин Ибраими на четири години и шест месеци, Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска добија по три години затвор.

Судот го прифати барањето на СЈО и им определи притвор на Сашо Мијалков и на Бедредин  Ибраими, а останатите четворица осудени добија мерки за претпазливост. Обвинителите побараа притвор поради опасност од бегство.

Според обвинението од СЈО, Мијалков како директор на УБК и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го искористил своето влијание и преку Мендух Тачи договорил да се усвојат приговорите за прегласување на три избирачки места во Струмица на локалните избори 2013 година. /МИА.

Брегзит во рацете на британските пратеници

Британските пратеници гласаа за да ја преземат контролата од владаа над дневниот ред во парламентот, со цел утре да можат да одржат низа гласања за алтернативните опции за Брегзит.

Пратениците би можеле да гласаат за седум различни опции, вклучително одржување на нов референдум, излегување од Европска унија без договор или со договор каков што има Норвешка, а со кој Велика Британија би имала пристап до единствениот пазар на ЕУ и до зоните за слободна трговија.

Една од опциите би можела да биде откажување од Брегзит.

Од утре поладно со дожд, во петок температури под нулата

Под влијание на посвежа воздушна маса утре и во четврток ќе се задржи променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд во западните и јужните делови и со снег на планините.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе услови и намалување на дневната температура за три до четири степени во однос на денешната.

Од петок утринските температури на места ќе се спуштаат и под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.

Во текот на денешниот ден ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со локални врнежи од дожд попладне во западните делови и со снег на планините. Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови намалување на дневната температура, особено во северните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.

Во Скопје за денеска синоптичарите најавуваат променливо облачно време со умерен до засилен северен ветер и максимална температура до 15 степени. /МИА

притисни ентер