Ахмети со писмено обраќање: Ова е почеток на крајот на Париските последици од 1919 година

Јануари 2019 година ја одбележува 100 годишнината од почетокот на Париската Мировна Конференција која што претставуваше обид да и се стави крај на Првата Светска Војна и тогашниот светски поредок,наведува лидерот на ДУИ , Али Ахмети. 

Оваа конференција, никогаш вистински не ја оконча Првата Светска Војна и не не научи како се гради мирот затоа што војните и конфликтите продолжија за цел еден век потоа. Последиците од Парис 1919 ги осеќаме и ден денес, посебно во Југоисточна Европа, но уште по нагласени се кај малите народи над кои неправедно се делуваше.

Вчера, на 11 јануари 2019 година, 81 пратеник на Собранието на Република Македонија го започнаа завршетокот на Париската Мировна Конференција.

Денес се роди нов ден, со јасна и црвста евроатлантска перспектива, не само за Македонија, туку за целиот регион.

Ние се залагавме долго за да дојдеме до овој ден, потиснувавме многу други очекувања, не адресиравме цели потреби, оставивме на страна многу барања, само и само да се дојде до овој ден што става точка на еден скоро три децениски спор кој што не држеше во заложништво.

Но ова не е крајот, ова е само почетокот. Ова е крај на конфликтите, на недоразбирањата, на нејаснотиите, на непредвидливоста, ова е почеток на крајот на Париските последици од 1919 година.

Би сакал да се заблагодарам на сите граѓани, на секој гласач, на секој активист, што ја делегираа нивната верба во нас да предводиме, да одлучиме.

Им изразувам благодарност и на сите соработници и содејци, но и на владеачките партнери, заедно со пратениците на опозицијата кои што ни се придружија во овој тежок пат, но одлучен и прав правец.

Длабока почит изразувам и до нашите пријатели во Брисел, Вашингтон, Берлин, Париз, Лондон, Рим, Виена и на сите земји сојузници од евро-американската заедница затоа што овој пат го изодевме заедно, оваа висина ја искачивме рамо до рамо до самиот врв.

Ние само што го започнавме поправањето на грешките од Париз 1919, редот е на Косово и Србија. Овој регион, од каде што започна уништувачката вековна лавина во 1914 година, треба и да ја заврши.

Време е за решенија, време е за мир, време е за НАТО и за Соединетите Европски Држави, се наведува во писменото обраќање на лидерот на ДУИ , Али Ахмети.

.

Нетанјаху го отфрли предлогот на шефот на Мосад за можен договор во Газа

 Израелската телевизија Канал 12 објави дека шефот на Мосад, Дејвид Барни, предложил можност за договор за размена на затвореници со Хамас, но премиерот Бенјамин Нетанјаху го отфрлил.

Телевизијата, повикувајќи се на неименувани приватни извори, објави дека Барни рекол дека верува во можноста за постигнување договор, но дека Нетанјаху се спротивставил на презентираните детали.

Деталите од договорот за кој Барни верува дека може да биде потпишан вклучуваат ослободување на 40 израелски затвореници и враќање на жителите од северна Газа во нивните домови без никакви други услови.

Како што наведува телевизијата, премиерот Нетанјаху смета дека договорот е „слаб“ за Израел и наложил да се подготват за окупација на Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.

Според истиот извор, членовите на израелскиот воен кабинет Бени Ганц и Гади Ајзенкот го поддржале ставот на Барнеа, но тоа не го спречило Нетанјаху да се спротивстави и да го отфрли договорот.

Израелска делегација, предводена од директорот на Мосад, Дејвид Барни, отпатува во Доха, главниот град на Катар, на 18 март на нова рунда преговори за ослободување на затворениците во Газа.

Израелските медиуми објавија дека официјално започнале преговорите за размена на заробеници меѓу Хамас и Тел Авив, а во Доха пристигна израелска делегација предводена од директорот на Мосад. Во вестите на израелската телевизија Канал 12 беше наведено дека преговорите би можеле да траат околу две недели./МИА

Почина Шаќир Алити, прв градоначалник на Тетово по осамостојувањетo

Почина Шаќир Алити, првиот градоначалник на Тетово по осамостојуавњето на Македонија, информираше Општина Тетово. Алити беше градоначалник од 1991 до 1997 година.

-Со длабока тага ја дознав веста за смртта на добриот човек, ангажиран граѓанин, поранешниот прв градоначалник на општина Тетово по осамостојувањето на Северна Македонија, Шаќир Алити. Алити даде драгоцен придонес во политичките, економските и општествените процеси во Тетово. Како градоначалник на општина Тетово одигра суштинска улога во консолидацијата на локалната демократија. Во име на граѓаните на општина Тетово и во мое име, на семејството Алити му изразувам најдлабоко и најискрено сочувство, напиша актуелниот градоначалник Биљал Касами, пренесува канцеларијата за односи со јавноста.

Алити починал на 83 годишна возраст во родното село Глоѓи. Во 1991 годиба беше дел од Партијата за демократски просперитет (ПДП) која ја водеше Невзат Халили.

Во Токио средба Јоко - Лазарини

 Шефицата на јапонската дипломатија Камикава Јоко на средбата со генералниот секретар на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци на Блиски Исток (УНРВА) Филипе Лазарини побара поголема координација во пружањето на помош на УНРВА.

- Помошта за УНРВА претставува важен извор на приход, посочи Јоко, и повика на поефикасна структурна реформа на Агенцијата со цел да се обезбеди транспарентност на финансирањето и непристрасност на персоналот.

Таа додаде дека за Јапнија е важно да се зајакне управувањето со УНРВА „за да се осигури дека помошта не се користи за терористички активности“.

Лазарини истакна дека со Јапонија ќе биде воспоставена нова рамка која ќе обезбеди транспарентност на проектите.

Неколку земји го суспендираа своето финансирање на УНРВА во јануари годинава по израелските наводи дека 12 од неколку илјади вработени во Агенцијата учествувале во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година. УНРВА ги истражува тврдењата, но предупреди дека намалувањето на финансирањето може да предизвика катастрофа. /МИА

притисни ентер