Најмалку 20 повредени во силната експлозија во Париз (ВИДЕО)

Најмалку 20 станари во зградата во која експлодира плинска боца се повредени , јавува полицијата.

Во експлозијата и пожарот во центарот на Париз има најмалку 20 повредени , голем број возила се оштетени , а зградата каде што се случила експлозијата е делумно изгорена.

Оштетувања има и на околните згради. Несреќата се случи околу 9 часот утрово во улицата Тревизо во деветттиот блок . Голем број пожарни возила и спасувачки екипи се на местото на несреќата, а полицијата забранува пристап во целиот тој дел од градот.

Се претпоставува дека причина за експлозијата и пожарот е неисправната инсталација за плин во пекарницата на приземјето на зградата.

Аја Софија со векови била христијанска црква

Шефот на грчката дипломатија Јоргос Катругалос по  изјавата на  Ердоган за можноста Аја Софија, која е музеј да се пренамени во џамија, ја оцени како навреда не само за христијаните туку и на меѓународната заедница.

Според шефот на грчката дипломатија Аја Софија со векови била најголема христијанска црква и е на списокот на УНЕСКО како светско културно наследство.

Византиската црква Света Софија е изградена во 537 година, а во џамија е претворена во 1453 година, за време на отоманското царство.

Потоа во 1935 година е претворена во музеј.

Изминатото деноноќие осум сообраќајки во Скопје, шест лица лесно повредени

Шест лица се здобиле со лесни телесни повреди во пет од вкупно осум сообраќајки во текот на вчерашниот ден. Во три била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 37 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, четворица возачи поминале на крстосница на црвено светло, шест возачи не дале првенство на минување на обележан пешачки премин, еден возач за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување,  еден возач не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, двајца возачи за не носење заштитен шлем, осум возачи за не  користење сигурносен појас и 18 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Од сообраќај биле исклучени 18 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и четири технички неисправни и 14 нерегистрирани возила.

Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин.

Затекнати биле 98 возила непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило „пајак", отстранети биле 66 возила.

Во текот на денот Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ПОУ „Круме Кепески" на подрачјето на општина Кисела Вода, со ученици од четврто одделение, во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот". /МИА

Министерот Едмонд Адеми во работна посета на Франција

Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Франција, каде ќе оствари средби со претставниците на дијаспората од Република Северна Македонија.

Министерот Адеми, како што соопшти неговиот кабинет,  ќе ја посети општината Вилжуст во Фрнација, чиј градоначалник е Игор Тричковски со кога ќе реализира и  работна средба.

Покрај средбите со дијаспората, министерот Адеми ќе оствари билатерални средби претседателот на групата за македонско-француско пријателство во Националното собрание на Франција, Бертан Сор и пратеничката Лилиан Танги, која е и член на Комисијата за надворешни работи при Националното Собрание.

Фокусот на средбите со соговорниците, како што информираат од кабинетот на Адеми, ќе биде ставен на можностите за унапрдување на билатералната соработка во во сите области од заемен интерес, унапредувањето на положбата  на нашата дијаспора и нивна инклузивност во економскиот, политичкиот, социјалниот и културниот живот во Франција како и за актуелните политички цели на Влада на Република Северна Македонија со посебен акцен на ЕУ и НАТО интеграција на нашата држава. /МИА

притисни ентер