Тројца загинаа , десетици се повредени во автобуска несреќа во Канада (ВИДЕО)

Двокатен градски автобус од непознати причини се заби во автобуска сатаница , при што загинаа три лица , а најмалку 23 се повредени.

Несреќата се случи во Отава , кога градскиот автобус се залета во автобуската станица. Градоначалникот на Отава , Џим Вотсон изјави дека двајца патници во автобусот и едно лице кое чекало на постојката се загинати во ужасната несреќа.

Според болнички информации , 14 лица се во критична состојба .

Сударот на автобусот се случил во 16 часот по локално време. Премиерот Жастин Трудо преку Твитер изрази искрено сочуство за семејствата на загинатите.

Полицијата ја утврдува причината за несреќата , која настанала најверојатно поради студот и замрзнатите улици , а во тек е распитот на возачот, кој е приведен.

Петмина загинати во експлозија на автомобил – бомба во Богота (ВИДЕО)

Петмина загинаа , а уште десетмина се повредени во експлозијата на автомобил – бомба во главниот град на Колумбија.

Експлозијата се случила пред полициската академија во Богота , соопшти градиначалникиот Енрике Пеналоса. Тој рече дека глетаката пред академијата за полицајци ,,Генерал Сантандер” , е хаотична.

Хеликоптери и возила на брзата помош се на местото на експлозијата , а полицијата ги истражува мотивите и сторителот на нападот.

Се претпоставува дека станува збор за одмазничка акција кон полицијата од нарко картелите во Колумбија.

СДСМ:Граѓаните да бидат спокојни и да ја одбијат омразата на ВМРО-ДПМНЕ, Законот за јазици е во согласност со амандманите на уставот од 2002 година

Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски продолжува да сее омраза и поделби меѓу граѓаните со што дејствува против концептот едно општество за сите.

Лажна е веста на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе се вработуваат дополнителни лица од албанска или каква било националност во државните институции. Согласно одредбите од Законот за употреба на јазиците, ќе биде формирана Централна агенција којашто ќе ги опслужува општините и институциите во населените места каде што мнозинството граѓани се Македонци.

Законот за употреба на јазиците ја регулира употребата на албанскиот јазик кој во Македонија е втор официјален јазик уште со амандманите на Уставот од 2002 година и истиот не ја влијае на употребата и заштитата на македонскиот јазик.  

Владата на Република Македонија го заштити и обезбеди македонскиот јазик засекогаш, тој е прв официјален јазик во Македонија, а сега и меѓународно признат и тој ќе се употребува во најголемите западни сојузи како што се ЕУ и НАТО и ќе биде рамноправен со јазиците на останатите земји членки.

Македонците и сите граѓани на Република Македонија да бидат спокојни и да ја одбијат омразата што ја шири ВМРО-ДПМНЕ, Македонија се гради како едно општество чекори кон полноправно членство во ЕУ и НАТО.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не успееја да го блокираат членството во ЕУ и НАТО и нема да успеат да го блокираат напредокот и градењето на еднакво општество на еднакви граѓани.  

Граѓаните ги поразија деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ, ставија крај на поделбите, крај на блокадите и одбраа иднина во НАТО и ЕУ како општество на еднакви граѓани, реагираат од СДСМ на прес конференцијата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ , Игор Јанушев.

Мигранти запреле воз во Босна и ги ограбиле патниците

Група илегални мигранти насилно запреле патнички воз во близина на Добој , во БиХ , а потоа и ограбиле патниците и избегале.

Инцидентот се случил вчера , кога мигрантите , додека патувале со возот , ја  повлекле рачката за запирање во случај на опасност. Возот сообраќал на редовната линија Бихаќ- сараево и во него имало десетина патници.

 Петтемина мигранти ги ограбиле патниците , им ги зеле парите и храната и избегале во непознат правец.

Полицијата од Добој го истражува грабежот. Според официјалните податоци , од почетокот на минатата година во БиХ преку границата со Србија и Црна Гора влегле над 23 000 мигранти.

Се проценува дека сега во државата има меѓу 4 и 5 илјади мигранти.

притисни ентер