Во Маврово 87 сантиметри снег, најстудено на Попова Шапка

Најниска температура во Македонија изутрина во седум часот е измерена на Попова Шапка, каде се регистрирани -15  степени. 

Минис 13 степени се измерени во Берово, -10 Штип и  Крушево, -9 Маврово, Лазарополе и  Струмица, -8 Крива Паланка Паланка, -7 Охрид и Демир Капија, -6 Пожаране, Тополчани, Битола, Ѓуриште, Виница и Дебар, -5 Тетово, Прилеп и Скопје-Петровец, -4 Претор, Скопје-Зајчев Рид и Куманово, – 2 во Дојран, 0 Гевгелија, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Најмногу снег има во Маврово, каде висината на снежната покривка изнесува 87 сантиметри, по што следат Пожаране со 49, Лазароиполе со 48, Попова Шапка со 47….

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини претпладне со слаба магла. Ќе дува слаб до умерен умерен северозападен ветер, особено долж Повардарието. Максималната температура ќе достигне од -2 до 6 степени.  Во Скопје претпладне со слаба магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 1 степен. И утре ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со услови за магла по котлините. Попладне облачноста ќе се зголемува, а во понеделник во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, повеќе застапени во западните и северните делови. Во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Изминатото деноноќие осум сообраќајки во Скопје, шест лица лесно повредени

Шест лица се здобиле со лесни телесни повреди во пет од вкупно осум сообраќајки во текот на вчерашниот ден. Во три била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 37 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, четворица возачи поминале на крстосница на црвено светло, шест возачи не дале првенство на минување на обележан пешачки премин, еден возач за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување,  еден возач не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, двајца возачи за не носење заштитен шлем, осум возачи за не  користење сигурносен појас и 18 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Од сообраќај биле исклучени 18 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и четири технички неисправни и 14 нерегистрирани возила.

Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин.

Затекнати биле 98 возила непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило „пајак", отстранети биле 66 возила.

Во текот на денот Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ПОУ „Круме Кепески" на подрачјето на општина Кисела Вода, со ученици од четврто одделение, во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот". /МИА

Министерот Едмонд Адеми во работна посета на Франција

Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Франција, каде ќе оствари средби со претставниците на дијаспората од Република Северна Македонија.

Министерот Адеми, како што соопшти неговиот кабинет,  ќе ја посети општината Вилжуст во Фрнација, чиј градоначалник е Игор Тричковски со кога ќе реализира и  работна средба.

Покрај средбите со дијаспората, министерот Адеми ќе оствари билатерални средби претседателот на групата за македонско-француско пријателство во Националното собрание на Франција, Бертан Сор и пратеничката Лилиан Танги, која е и член на Комисијата за надворешни работи при Националното Собрание.

Фокусот на средбите со соговорниците, како што информираат од кабинетот на Адеми, ќе биде ставен на можностите за унапрдување на билатералната соработка во во сите области од заемен интерес, унапредувањето на положбата  на нашата дијаспора и нивна инклузивност во економскиот, политичкиот, социјалниот и културниот живот во Франција како и за актуелните политички цели на Влада на Република Северна Македонија со посебен акцен на ЕУ и НАТО интеграција на нашата држава. /МИА

Координативна средба на Комисијата за транспорт, врски и екологија со претставници од ФЛОРОЗОН

Во Собранието денеска ќе се одржи координативна средба на Комисијата за транспорт, врски и екологија со проектниот тим од Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН.

– На средбата е предвидено да се пренесат заклучоците од првата средба на Националното координативно тело во рамките на проектот „Еднаков пристап за ефективна правда", составено од релевантни чинители од државните институции, граѓанските организации и академијата, да се дискутира за поддршката во идните проектни активности, можноста за влијание на Законот за бесплатна правна помош за вклучување на областа на животна средина како и овозможување на групни претставки од оваа област, за предизвиците со едукација на вештаци, нивна соработка за еднаков пристап до правда во областа на животна средина…/МИА

притисни ентер