Пронајдено девојче пo три месеци од убиството на нејзините родители

13 – годишната Џејми Клос се појави на 112 километри од местото на убиството на нејзините родители.

Девојчето од американската држава Висконсин е прогласена за исччезната по бруталното убиство на нејзините родители пред три емсеци . Била најдена вчера вечер по 87 дена од страшното убиство .

Ја нашла жена во гратчето Гордон , додека го шетала кучето и тоа 112 километри подалеку од нејзиниот дом.

Таму брутално беа убиени нејзините родители на возраст од 56 и 46 години , по што девојчето беше прогласено за исчезнато. Тие биле застрелани додека спиеле во еден часот по полноќ.

Девојчето побарало помош од жената , која заедно со неа се стрчала до првата куќа од каде повикале итна помош. Девојчето било изгладнето и запуштено , а на нозете имало преголеми чевли.

Луѓето од чиј дом се јавила ја прашале и за киднаперите , но девојчето преплашено рекло само дека ја грабнале во автомобил , по што жената ги препознала грабнувачите.

Девојчето им кажало дека ја заклучувале и криеле за да не може да се спаси , но не раскажало како им избегала. Полицијата соопшти дека еден од грабнувачите бил уапсен само 10 минути откако било најдено девојчето.

Косово доби поддршка за прием во Советот на Европа, конечната одлука на средината на мај

Парламентарното собрание на Советот на Европа вечерва го усвои извештајот на Дора Бакојани, во кој се препорачува Косово да стане членка на Советот на Европа..

За прием на Косово во Советот на Европа гласаа 131 од 171 присутен член, 29 беа против, а 11 беа воздржани.. На расправата имаше жестока дебата, за и против членството на Косово, кое својата кандидатура ја поднесе пред две години..

Сега процесот се сели во Комитетот на министри за надворешни работи на Советот на Европа, кој се очекува конечната одлука со двотретинско мнозинство да ја донесе кон средината на мај..

Џони Деп ги изненади фановите во Лондон, сите забележаа дека ослабел (ФОТО)

Џони Деп го привлече вниманието на неодамнешната премиера на Jeanne du Barry во Лондон.

Носеше црн костум на Диор, бела кошула и сив капут. Комбинираше и очила за сонце. 60-годишниот актер спремно им позираше на фотографите на црвениот тепих.

Неговите фотографии се проширија на социјалните мрежи, а многу фанови напишаа дека Деп многу ослабел. Покрај тоа, неодамна ја скрати косата. Во февруари се снимаше во Италија, каде што го режира филмот Моди, а потоа и понатаму ја носеше својата коса подолго.

Потсетуваме дека во историската драма Jeanne du Barry главната улога ја има Џони Деп. Филмот го режираше француската актерка и режисерка Мејвен, која го отелотвори главниот женски лик. Овој филм е и првиот филм во кој Деп глуми целосно на француски јазик.

Пендаровски: На 24 април заокружете број 1 за стабилност во следните уште пет години

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски попладнево беше со жителите на општините Чашка и Свети Николе.

Заблагодарувајќи им се за масовното присуство, Пендаровски истакна дека имајќи предвид дека во изминатите пет години постојано бил меѓу своите сограѓани, тие знаат за што се залагал и знаат дека така ќе продолжи и во следниот мандат. Во оваа насока Пендаровски посочи на двете големи придобивки за земјата во последните неколку години, односно членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ.

„Затоа овие избори се многу важни. Не смееме да дозволиме да се врати претходната власт. Постигнавме добри договори, се смиривме и се договоривме со соседите. Тие сакаат одново да преговараат и да изгубиме уште 10-15 години. До тогаш овие деца што ги гледаме тука ќе заминат од Македонија", подвлече Пендаровски.

Говорејќи дека како претседател не ги дискриминирал луѓето по ниту една основа и не ги делел на наши и на ваши, Пендаровски ги повика граѓаните на Чашка и на Свети Николе масовно да гласаат уште на првиот круг од изборите.

„Дајте да продолжиме со истите овие луѓе. Не ни треба пак да се караме внатре меѓу нас или пак да се караме со соседите. Мојот слоган е ,,Нашиот претседател" затоа што јас сум ваш, вие сте мои, сите сте наши", подвлече Пендаровски.

На прашање од присутните во однос на обвинувањата на опозицијата дека ќе го бојкотира вториот круг од изборите, Пендаровски одговори дека нема потреба да бојкотира зошто ќе ги добие изборите.

Граѓаните побараа коментар и околу изјавите на Гордана Силјановска-Давкова дека е неопходна реформа на Уставот.

„Јас мислам дека нејзината изјава е многу поопасна. Значи, тие три години како политичка партија се борат против промена на Уставот, да не биле Бугарите дел од преамбулата на Уставот. Но госпоѓата не зборува за тоа. Таа зборува за нов Устав, внимавајте зборува за граѓански Устав. Дали во тој граѓански устав како што го нарекуваат ќе има воопшто место за Македонците? Според мене тоа е многу опасна идеја освен ако госпоѓата не се потруди да објасни што подразбира под нов, граѓански Устав" одговори Пендаровски.

Во рамки на изборниот караван вечерва Пендаровски ќе одржи централен митинг во Велес, соопштувата од неговиот тим.

притисни ентер