Го повлекле афродизијакот зашто бил многу делотворен

Замбиска компанија за производство на пијалок , што се рекламира во целиот свет како моќен афродизијак , го прекина производството.

Запреле да го произведуваат афродизијакот , откако маж од Уганда јавно се пожалил дека имал срцева аритмија и сексуален нагон што траел повеќе од шест часа.

Од компанијата Revin Zambia Ltd најавуваат отворање на интерна истрага за да утврдат што точно довело до ваквите проблеми.

Овој пијалок , кој е многу популарен во Замбија и во околните земји , а се рекламира и глобално , содржи ѓумбир и тонгкат , а рекламата за него се нарекува ,,седум часа” .

Властите во Уганда наредија заплена на сите количества на пијалокот и објави предупредување до населението.

притисни ентер