Димитров: Го направивме невозможното, докажувајќи дека чудата се можни

Го направивме невозможното, докажувајќи дека чудата се можни. Во тешки околности, го решивме најголемиот проблем од независноста, што Македонија упорно ја влечеше назад, порача вечерва на својот Фејсбук профил министерот Никола Димитров. 

,,Ја преземавме одговорноста на нашата генерација, да ја зацврстиме државата и да направиме услови за подобра и посигурна иднина за идните генерации. Го зачувавме најважното, македонскиот идентитет, а нашата Македонија ја разграничивме од нашите соседи, истакна министерот за надворешни работи Никола Димитров.

,,Ви благодарам на поддршката кога беше најтешко, на советите, но и на критиките. Горд сум на македонскиот народ, на нашите сограѓани Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други. Покажавме дека во нашата Македонија, живее идното, европско лице на Балканот. Кога сакаме, можеме. Сега засукани ракави, да си ја направиме европска во секоја смисла. Секој во своето. Ќе не' биде!, напиша шефот на македонската дипломатија во својата порака на Фејсбук. 

„Си-Ен-Би-Си“: Успешно лансирана руска противсателитска ракета

Американските разузнавачи во декември минатата година потврдиле успешно тестиран нов руски противсателитски ракетен систем, дознава „Си-Ен-Би-Си“.

Телевизискиот канал се повикува на извори запознати со разузнавачкиот извештај за лансиран проектил на 23 декември 2018 година од мобилна лансирна платформа.

Се дознава дека ракетата за 17 минути прелетала околу три илјади километри и успешно ја погодила целта. Лансирањето било седмо такво тестирање на противсателитскиот систем „ПЛ-19 Нудол“, кој во 2018 година бил испитан два пати.

Еден од изворите изјавил дека ракетата е способна да уништи комуникациски и навигациски сателити кои се во ниската околуземна орбита. Така на пример, Меѓународната вселенска станица и телескопот „Хабл“ се наоѓаат во ниска околуземна орбита.

Американскиот претседател Доналд Трамп завчера ја претстави обновената стратегија за развој на американската противракетна одбрана која ги издвојува Русија, Кина, Иран и Северна Кореја како земји кои имаат ракетни арсенали способни да ги загрозат САД. Обновената стратегија открива дека САД развиваат систем за пресретнување на ракети во вселената, разместување на други бази за пресретнување на ракети на Алјаска и редица други мерки.

„Сакам да им укажам на сите оние кои во последните 15 години започнаа трка за вооружување, бараа придобивки на сметка на Русија и воведуваа незаконски санкции со цел да го запрат развојот на нашата земја: Нема да успеете да го запрете развојот на Русија“, изјави Путин во обраќање до нацијата во март минатата година.

ВМРО-ДПМНЕ со осуда за инцидентот што се случи врз новинарката Мирјана Мирчевска

ВМРО-ДПМНЕ остро го осудува инцидентот за време на денешната манифестација по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици, во кој беше повредена новинарката Мирјана Мирчевска, долгогодишно препознатливо медиумско лице.

ВМРО-ДПМНЕ остро го осудува инцидентот за време на денешната манифестација по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици, во кој беше повредена новинарката Мирјана Мирчевска, долгогодишно препознатливо медиумско лице.

Никој не смее да се служи со насилство, особено не на ваков ден, особено не против јавноста, против новинарите, оние кои се таму за да ја доближат оваа манифестација, оние кои го пренесуваат овој христијански чин преку медиумите.

Демократијата подразбира слободни медиуми и достапност до информации. Секое насилство против новинар е насилство против демократијата.

ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува и поттикнува медиумите уште повеќе да бидат присутни меѓу народот и уште поревносно да ја пренесуваат македонската традиција и културна посебност, да ја пренесуваат вистинската слика од и за Република Македонија.

МВР мора што побрзо да го расчисти случајот, а виновниците да бидат санкционирани.

Со почит,                  

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

СЕММ го осудува физичкиот напад врз новинарката на Канал 5 телевизија

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудува денешниот случај на физички напад врз новинарката на Канал 5 Телевизија Мирјана Мирчевска – Јовановиќ која известувала од манифестацијата за одбележување на Водици во Скопј

Инцидентот кој бил предизвикан кога новинарката била нападната од вработени во агенцијата за обезбедување „Никоб" ангажирана од МПЦ претставува напад врз безбедноста на новинарите при професионалното извршување на нивната работа. 

За СЕММ е целосно неприфатливо на каков и да е начин да се спречува професионалната работа на новинарите, која треба да биде ослободена од закани и притисоци.

Државата, во согласност со член 10 од Европската конвенција за човекови права, е одговорна за преземање на сите активни мерки со цел да се создаде и одржува поволна клима за слобода на изразување.

притисни ентер