,, Најискрени честитки до сите политички чинители и граѓаните за она што наскоро ќе биде Северна Макеоднија преку гласањето во Парламентот за уставните измени. Се надевам дека оваа историска одлука ќе создаде позитивна динамика за напредок на целиот регион на Западен Балкан.” , напиша Хан на Твитер.
Генералниот секретар на НАТО Једнс Столтенберг од своја страна му испрати директен твит на премиерот Зоран Заев да му честита за крајното гласање на Собранието.
,,НАТО силно ја поддржува целосната имплементација на Договорот, што е важен придонес за стабилен и просперитетен регион, порача Столтенберг.
Европратеникот Едвард Кукан од ЕПП исто така им честиташе на пратениците за, како што кажа, „одговорното" гласање на уставните измени, кои го отвораат патот за имплементација на Преспанскиот Договор.
,,Со нетрпение ја чекам евроатлантската иднина на Северна Македонија, твитна Кукан.