Пресврт во истрагата за убиството на тројцата руски новинари

Се сметаше дека тројцата руски новинари на пуст пат ги убиле разбојници , но истрагата покажа нешто друго.

Истрагата покажа дека разбојници не ги убиле тројцата истражувачки новинари во Централноафриканската Република (ЦАР) пред половина година , туку биле жртви на добро планирана заседа , во која би можеле да бидат вмешани руските безбедносни служби. Кирил Радченко, Александар Расторгујев и Орхан Џемал се жртви на плана за ликвидација , во која се вмешани и високи полициски функционери.

Тие дошле во ЦАР кон средината на 2018 за да ги испитаат акртивностите на приватни руски воени компании во оваа африканска држава. Сакале  да дознаат дали компаниите се вмешани во експлоатација на природни ресурси во Африка. Но , набргу по пристигнувањето нивното возило било пресретнато на пуст пат и биле застрелани .

Службеното објаснување било дека се нашле во погрешно време на погрешно место. Но , доколку биле жртви на разбојници , би им недостигале вредни предмети , но тоа не се случило, известува CNN. Исто така , сомнително е што возачот воопшто не бил ниту повреден , па се сомнева дека бил вклучен во организирањето на убиството.

Новинарите работеле на медиумска платформа ,,Центар за истражување” , финансирани од рускиот бизнисмен и критичар на Путин , Михаил Ходоровски.

Рускиот претседател Владимир Путин накусо го коментираше убиството како напад од некои локални групи , за што нема информации.

Намалена видливост на неколку патни правци

Намалена видливост поради појава на магла до 30 метри има на патниот правец Попова Шапка – Гајре – Тетово, до 150 метри на Плетвар, Кичево и Македонски Брод, од 50 до 100 метри во Крива Паланка и до 50 метри во Тетово – Групчин.

-Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево./МИА

Активистите на „Охрид SOS" преку отворено писмо бараат разрешување на тројца службеници на МЖСПП

Активистите на еколошката Граѓанска иницијатива „Охрид SOS" денеска испратија Отворено писмо до министерот за животна средина и просторно планирање, во кое укажуваат на противзаконското постапување од одредени лица на службени позиции.

Како што наведува „Охрид SOS", овие лица со своето делување ја опструираат процедурата за прогласување на Охридското Езеро и Студенчишко блато за Рамсар заштитено блатно подрачје.

Граѓанската иницијатива посочува дека лицата Влатко Трпески (раководител на Одделение за биодиверзитет, Сектор природа, Управа за животна средина, МЖСПП), Александар Настов (раководител на Одделение за биодиверзитет, Сектор природа, Управа за животна средина, МЖСПП) и Бранко Мицевски (претседател на Македонскиот рамсарски комитет и редовен професор на Институтот за биологија на Природно-математичкиот факултет), години наназад противзаконски и на штета на јавниот интерес го попречуваат прогласувањето на Студенчишко блато на Охридското Езеро за подражје што би било под посебна заштита како едно од најзагрозените низински блатни/водни живеалишта во земјата.

Граѓанската иницијатива „Охрид ЅОЅ", заедно со Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. уште во октомври 2017 година имаат поднесено формална иницијатива до МЖСПП за прогласување на Охридско Езеро и Студенчишко блато за Рамсар подрачје.

-Од низата бесмислени преписки и бесполезни состаноци со гореименуваните, вклучително и пример на недолично однесување може многу лесно да се утврди дека сите горенаведени се ставија во функција на опструирање на постапката за прогласување на Охридско Езеро и Студенчишко блато како Рамсар подрачје за што претпоставуваме дека има неколку причини. Бранко Мицевски од позиција на стручен авторитет и претседател на МРК презентираше дезинформации во врска со Рамсарската номинација, како на пример: „недоволно податоци и потреба од дополнителни студии", „податоците не смее да се постари од 10 години", „непозната е вредноста на Студенчишко блато", „Рамсарската конвенција се однесува само на живеалиштата на птици", иако, дури и да нема ниедна птица, езерото и Студенчишко сепак би се прогласиле за Рамсар подрачје според останатите критериуми, посочуваат од „Охрид SOS".

Активистите на „Охрид SOS" во јули оваа година сами изработија детална апликација со номинација, што од страна на Рамсарскиот секретаријат е потврдена како комплетна, односно оти Охридско Езеро ги задоволува сите девет критериуми на Рамсар, така што шпреостанува само МЖСПП формално да го поднесе барањето, но тоа се уште не е сторено.

-Дописот беше воедно испратен и до МЖСПП и МРК. Оттогаш поминаа пет месеци и апликацијата уште не е поднесена. Последно, во Нацрт-планот за управување со Охридскиот Регион стои нов, веќе четврти рок за исполнување на оваа обврска – крајот на 2020 г. за што ќе треба да се обезбедат милион денари, кои се апсолутно непотребни бидејќи апликацијата е бесплатна. Рамсарската апликација, повеќе од очигледно се опструира од клучните луѓе во процесот, посочуваат од „Охрид SOS".

Рамсар номинацијата ќе додаде уште една заштитна бариера на Охридското Езеро и Студенчишко блато, оттаму што како што посочуваат од „Охрид SOS", секој степен на заштита особено меѓународна, е од непроценливо значење за регионот поради огромниот ризик од негово целосно уништување доколку управувањето и мониторингот останат исклучиво во рацете на македонските институции./МИА

Улиците во Бејрут се претворија во реки

Невреме со обилни дождови парализираше делови од Бејрут, главниот град на Либан, претворајќи ги улиците во реки и заробувајќи луѓе во возилата.

Дождот почнал да паѓа во недела во утринските часови во целата земја, но Бејрут и предградието се најмногу погодени.

Во јужното предградие водата постигнала толкаво ниво што возилата се скоро целосно потопени под вода.

Поплавите го погодија Бејрут за време на одржување протесни, покренати пред скоро два месеци, против политичките елити и корупцијата.

Секоја година кога паѓа дожд, патиштата во Либан се поплавуваат заради неадекватната канализација, пишува „АП“.

притисни ентер