Два германски владини авиони расипани останаа во Африка

Членовите на германсклата влада повторно мораа да ги менуваат плановите на службените патувања , поради два расипани авиони. 

Министерот за помош на земјите во развој Герд Милер , поради дефект мораше да остане во Замбија неколку дена подолго од предвиденото и ја откажа посетата на Намибија.

,, Овие проблеми имаат негативно влијание за Германија како нација на висока технологија. Оваа серија на расипувања мора да запре.” , рече министерот.

Дури и другиот авион , испратен за да го замени расипаниот во Замбија бил расипан , па морало да биде приземјен додека не се поправи.

Министерот Милер ја напуштил Замбија со редовна авионска линија, а владините авиони и натаму се на поправка во Африка.

Сличен проблем во декември имаше и канцеларката Ангела Меркел , која заглави на својот пат кон Самитот во Аргентина. 

притисни ентер