Македонските ракометари со убедлива победа го почнаа Мундијалот

Македонската ракометна репрезентација со убедлива победа од 38: 29 против Јапонија , го почна Свестското првенство.

Македонските репрезентативци  влегоа како фаворити во овој дуел, но Раул Гонзалес порача дека истата треба да се оправда на теренот, нешто што нашите избраници го одработија во салата во Минхен каде победата не беше доведена во прашање во ниту еден момент. Јапонија водеше само на стартот на мечот при резултат 4:3, но потоа серијата од 4:0 на нашата репрезентација значеше прво значајно одлепување, кое во продолжение од мечот само се надополнуваше.

Во вториот дел, македонските репрезентативци најчесто ја одржуваа предноста од пет гола, но во самата завршница комплетно го скршија отпорот на играчите од Азија, па така на крајот ја забележавме првата победа на мундијалот во Германија и Данска со конечни 38:29.

Кирил Лазаров со осум погодоци беше најефикасен играч на теренот, а исклучително добри во офанзивата беа и Дејан Манасков и Стојанче Стоилов кои постигнаа по седум погодоци. Извонредна работа денеска заврши и голманот Борко Ристовски кој со 20 интервенции ги откажа противниците. Со првата запишана победа, Македонија ја оствари посакуваната цел и ги освои првите бодови во групата, а идентично сценарио секако очекуваме и на мечот со Бахреин кој го играме в недела.

Лудница во Мелбурн – тенисер се соблече на теренот и го имитираше Ле Брон (ВИДЕО)

Откако пред два дена го изненади Кевин Андерсон во четири сета , американецот Франсис Тиафо , направи иненадување и на мечот против Андреас Сепи и влезе во осмина финалето на Аустралиа Опен.

Публиката во Мелбурн имаше можност да ужива и во емотивниот настап на Тиафо. Кога го доби натпреварот против Андерсон , го имитираше Ле Брон Џејмс со удирање по надлактиците , но отако го победи Сепи , направи шоу.

Тифоу зазтана среде терен , ја соблече маицата и почна на цел глас да вика имитирајќи го повторно Ле Брон. ,,Даааа, ете колку ова ми значи” , викаше Американецот , додека публиката го скандираше неговото име.

Американски кошаркар најден мртов во својот стан

Кошаркарот на францускиот второлигаш Нант , американецот Џермеин Маршал , почина во 28 година од животот.

Попладнево неговото тело било најдено во станот , а причината за смртта не е позната. Од клубот изразија сочуство до семејството , како и известување дека ќе се одложи натпреварот в недела против тимот на Ада Боис.

Џермеин е роден на 7 ноември 1990 во Пенсилванија. Почнал сериозно да се занимава со кошарка на Универзитетот во Аризона каде просечно давал по 11,2 поена.

Се обидел и во НБА , но не успеал па се решил да замине во Европа. Играл во тимови во Италија , Холандија , Финска и Франција.

Македонија загуби од Исланд со 22:24 – надеж за пласман од 12 до 24 место на Мундијалот

Ракометната репрезентација на Македонија загуби од Исланд со 24-22 и остана без пласман во втората фаза на Светското првенство во Данска и Германија.Македонија до крајот на Мундијалот ке разигрува за пласман од 12-то до 24-то место.

Најдобрите македонски ракометари загубија од Исланд со 24-22 во последниот натпревар од групата Б, со што не ја остварија примарната цел – пласман во втората фаза на Мундијалот.

Македонија ке остане на шампионатот и ке настапи во таканаречениот Президент куп односно за пласман од 12-то до 24-то место. Македонија и Исланд очекувано одиграа тврд натпревар со малку голови, а со многу тактизирање, од кој противникот излезе како победник.

Слабостите што Македонскиот национален тим ги покажа во дуелите со Шпанија и Хрватска, ги повтори и вечерва со Исланд. Недоволно цврста одбрана која во клучните моменти му се нуди на противникот, а во нападот повторно без вистинско решение и лоша зицер-реализација.

На тактички план, Исланѓаните добро подготвени, а многу подобро од нашите ракометри и психолошки потковани. Македонија во разигрувањето за пласман првиот натпревар ке го има в сабота најверојатно против Русија како четвртопласирана селекција од групата А.

Од нашата група Б, понатаму одат Шпанија, Хрватска и Исланд кои во втората фаза ке играат во група со најдобрите три од А групата, односно Франција, Германија и Бразил.

притисни ентер