Министерството за здравство демантира: МРП вакцините се со важечки рок и проверен квалитет

Сите дози од МРП вакцината се со добар и проверен квалитет од реномираниот европски производител GlaxoSmithKline од Белгија. МРП вакцината е безбедна и произведена во Европската Унија, реагираат од Министерството за здравство.

Има 2 сертификати, за квалитет од производителот и од контролна лабораторија. На секоја кутија вакцина и на секое шишенце вакцина има т.н воден жиг на кој стои дека се со важност до мај 2019 година, односно јули 2019 година. Ова е единствената потврда дека сите вакцини се апсолутно безбедни и со важечки рок.

Воедно ве информираме дека деновиве е направена внатрешна контрола во сите здравствени домови, при што е утврдено дека во вакциналните пунктови пронајдени се вкупно 635 кутии од МРП вакцината, на кои стојат погрешно залепени декларации. Залепените декларации биле од претходниот увоз, кои бил со важност до месец октомври 2018 година. Истите се пронајдени во ЗД Крушево, ЗД Струга, ЗД Велес, ЗД Демир Хисар, ЗД Крива Паланка, ЗД Вевчани, ЗД Охрид и ЗД Скопје.

Направен е и вонреден инспекциски надзор од страна на МАЛМЕД во Скопје. Во текот на утрешниот ден инспектори од МАЛМЕД ќе одат повторно на терен за да ги потврдат наодите каде е детектирано дека има од вакцините со погрешни декларации во вакциналните пунктови во остантите градови. По завршување на инспекцискиот надзор, ќе имаме повторна средба со МАЛМЕД по што ќе следи дополнително известување за медиумите.

На денешниот состанок на Комисијата за заразни заболуања, потврдивме дека денеска до 10 часот во Скопје се хоспитализирани 7+1 дете, вкупно 8 деца за едно деноноќие, сите деца се на возраст од 2 години и сите од населбата Ново Лисиче од Скопје и сите оделе во градинката „Сонце“.

За овие нови осум пријавени случаи, 5 се потврдени, а за 3 се чека лабаротиска потврда, но имаат јасна клиничка слика за морбили.

Досега се заболени вкупно 9 деца од оваа градинка, сите невакцинирани со МРП вакцината. Инаку во групата имало 28 деца сите невакцинирани. Од 16 декември до денеска 11 Јануари, има 23 пациенти хоспитализирани на инфективната Клиника во Скојпе, но за тројца од нив сеуште се чека лабараториска потврда, иако клиничката слика укажува на морбили.

Од овие 23 хоспитализирани 9 лица до денес се пуштени на домашно лекување, а 15 се уште се хоспитализирани со клиничка слика за морбили. На клиниката има 120 легла, но треба да се има в предвид, дека се хоспитализираат пациенти и со друга патологија .

Најмладиот пациент е бебе од 8 месеци, а најстариот има 43 години од Скопје и е мајка на едно од заболените деца.

Најмногу заболени има во населбата Аеродром -Ново Лисиче вкупно 11 деца.

Но, има уште 12 пациенти кои биле со полесна клиничка слика, амбулантски прегледани и тие се на домашно лекување, сите од Скопје.

Според податоците од Клиниката за инфективнби болести и фебрилни состојби, досега се прегледани околу 40 пациенти за кои имало соменение или се потврдило дека се заболени од морбили.

Досега во сите вакцинални пунктови во Скопје до 13 часот се вакцинирани 1 847 лица, а само денес се вакцинирани се 116 деца.

Ги упатуваме сите родители кои се сомневаат дека детето има морбили, или тие самите можеби заболеле, од матичен лекар, да се упатат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Пациентите се прифаќаат таму.

Апелираме, сите деца кои не се вакцинирани, тоа да го направат пред да почне училишната година. Штом ќе заврши училишниот распуст, ќе има и теренска вакцинација по училиштата.

Вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со добар квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење.

Велигденска честитка на Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх

„Не е овде! Воскресна! Еве го местото каде што го положија“ (Марко 16,6)

Со овие едноставни зборови, евангелистот Марко опишува како жените, во раните утрински часови, на првиот ден од седмицата, го откриле празниот гроб. Жените со страв го напуштаат местото, иако требало да знаат дека одамна пророците го објавиле настанот на Исусовото воскресение.

Но, како се случи тоа? Само три дена пред Исусовото воскресение, Петар се одрекол од Него. Три пати рекол дека не го познава човекот кој тврди дека е Месија, Спасител. Петар уште немаше сила да посведочи за Христа. А учениците кои после Исусовата смрт на крстот отидоа од Ерусалим во Емаус, го препознале дури кога го прекршил лебот за да јаде заедно со нив.

Учениците кои речиси три години го следеле Исуса, го слушале и ги гледале чудата што ги правел, не можеле веднаш да поверуваат. Уште еднаш требало да поминат низ школата на верата за да ја примат на крајот силата на Светиот Дух, со што ќе се ослободат од својата плашливост и ќе излезат од своето скривалиште и јавно ќе зборуваат за големите Божји дела. На крајот, ги положија своите животи за верата, а во служба на Радосната вест. Силата што ја примија ги одржуваше и ги поддржуваше, да не се плашат повеќе, туку да можат смело да сведочат за Христос, Спасителот на луѓето, кој умре со страшна смрт на крстот и кој воскресна. По воскресението, прво им се јави на учениците свои, а по четириесет дена се вознесе на небото и седна оддесно на Отецот, од каде пак ќе дојде во слава и ќе им суди на живите и мртвите. Оваа велигденска порака ни е предадена во Евангелијата и оттогаш таа се објавува, пренесува, објаснува и постојано се толкува веќе две илјади години.

Денес веќе не гледаме празен гроб на чија порака би можеле да и веруваме. Разните привлечни туристички аранжмани за велигденските празници ја одредуваат сликата за Велигден. Затоа не е лесно да ги откриеме трагите на воскресението во секојдневниот живот. Но, да се потсетиме дека ни учениците од Емаус не можеа да го препознаат Исуса додека беа со него на пат, затоа што очите им беа замрежила и го сметаа за туѓинец, но нивните срца гореа додека тој им го толкуваше Писмото. Го препознале во кршењето на лебот. Господ нека го разгори и нашето срце кога го читаме и слушаме словото Божјо за да можеме да го препознаеме воскреснатиот Христос на секое евхаристиско славење кога молиме: „Господи, Твојата смрт ја навестуваме, Твоето воскресение го славиме, Твоето славно доаѓање го очекуваме!“

На сите Ви посакувам Честит празник Воскресение Христово - Велигден!

Христос воскресе! Навистина воскресе!

Рашфорд може да го пропушти ЕП 2024

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд би можел да го пропушти Европското првенство во 2024 година, пишува „Телеграф“.

Според изворот на изданието, на селекторот на Англија, Герет Саутгеј не му се допаднал настапот на играчот.

За да добие место во формацијата на „трите лава“, фудбалерот мора да покаже подогри игри на претстојните натпревари.

Оваа сезона 26-годишниот Рашфорд одигра 35 натпревари, постигна 8 голови и 6 асистенции.

Словенија, Данска и Србија ќе играат против Англија во групната фаза на ЕП 2024. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Кумановска салата

Во четврток (28.03.2024) во емисијата гостин ни беше Нино Величковски.

Состојки за денешниот рецепт:

3 црвени домати

1 свежа краставица

1 главица кромид

1 морков

2 лажици лупен сончоглед

100 гр. сирење

балсамико, масло за јадење, сол по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер