Произведено милионитото возило Пежо 2008

По шест години од лансирање на моделот Peugeot 2008 SUV, PSA Group во фабриката во Мулхаус го произведе милионитото возило!

PEUGEOT 2008 во моментов е произведен на три континенти - во Европа, Кина и Латинска Америка - но неговата приказна започна во 2013 година во Мулхаус, местото каде што се произведува и кое денес го слави производството на милионитото возило. Од самото лансирање  на PEUGEOT 2008 ја ности ознаката "Origine France Garantie" заедно со 62% од компонентите кои се произведени во Франција.

Произведен во повеќе од 1.210.250 примероци ширум светот, PEUGEOT 2008 брзо ги освои купувачите во сите земји каде што се продава. Рангирајќи се помеѓу првите три модели во B-SUV сегментот во 30 европски земји, тој продолжува да биде голем успех.

Во Мулхаус, секој ден произведуваат по 780 примероци на 2008, а резултатот за целата 2018 година е вкупно 193.000 примероци. Во Мулхаус, Жан-Филип Импарато, главниот извршен директор на брендот, ги предеаде клучевите од милионитото PEUGEOT 2008 - бела Crossway PureTech 130 S&S со 6-степен мануелен менувач - на г-ѓа C. Jung која е лојален клиент на PSA Ratail.

Жена чудно одела низ аеродром , полицајците се шокирале кога виделе што носи под здолништето

Шеесет годишна жена ги шокира полицајците , на кои им било сомнително нејзиното одење низ аеродромската зграда Шуиту , на Тајван.

Жената се враќала од Кина и патувала на островот Кинмен на Тајван. Полицајците забележале дека чудно се движи и и рекле да седне за да ја претресат . Кога и го дигнале здолништето , виделе страшна глетка.

Во мали вреќички носела 24 живи скокајглувци. Животните и биле закачени околу бутовите. На полицајците им рекла дека ги купила глувчињата во продавница за домашни миленичиња во Кина и им ги носи на пријателките за подарок.

Полицијата сепак смета дека жената е дел од организирана мафија , која вршела проверка какви се безбедните системи на аеродромот.

Најлошо во целата приказна поминале малите животинчиња , кои биле убиени по запленувањето.

Подарокот за Путин е подготвен!!

 Кученце од раста „Шарпланинец “  претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе му подари на неговиот висок и ценет гостин претседателот на Руската федерација Владимир Путин.

Станува збор за мало „шарпланинче“ наречено Паша. Според медиумите се работи за подарок кој носи посебна порака, поради тоа што станува збор за раса која има многу одлики. Но, најсилната е дека Шарпланинецот е одбранбено куче кое не се плаши од ништо.

Спасен пациент со мозочен удар со новата комбинирана метода на тромболиза и тромбектомија

Пациентот се чувствува добро. Најважно е дека навреме се спасени сите витални функции кај него, непречено ги движи и нозете и рацете.

 На пациент кој имал мозочен удар поради запушување на магистрален крвен сад во мозокот, завчера тим  лекари невролози, анестезиолози и радиолози, му го спасија животот со помош на новата комбинирана метода на тромболиза и тромбектомија, која веќе станува практика во Република Македонија. Оваа метода се применува во сите сите современи клиники во Европа и Америка, соопшти Министерството за здравство.

Станува збор за зафат со кој, во исто време со помош на тромболиза, која го омекнува тромбот заглавен во крвниот сад и тромбектомија или механичко  отстранување на тромбот, и тоа во најкус можен рок, на пациентот му е спасен животот, но и моторнитe функции на екстремитетите, кои често како последица од мозочен удар остануваат во состојба на одземеност, посочуваат од Министерството.

Пациентот на кој му е извршен успешниот зафат го посети министерот за здравство Венко Филипче.

– Пациентот се чувствува добро. Најважно е дека навреме се спасени сите витални функции кај него, непречено ги движи и нозете и рацете. Без примената на оваа нова метода пациент со ваков мозочен удар или ќе починеше или ќе останеше со трајни инвалидни последици. Голем успех за тимот лекари кои беа вклучени во овој, за нас иновативен пристап, но кој покажува многу добри резултати при состојби на акутен мозочен удар. Им честитам на колегите, а на пациентот му посакувам побргу да закрепне и си оди дома кај семејството, изјави Филипче.

Зафатот, како што се наведува, го извел тим од лекари и медицински сестри и тоа д-р Анита Арсовска и д-р Бојан Бошковски од Клиниката за неврологија, д-р Петар Јаневски, д-р Менка Лазарова и д-р Дејан Даскалов од Клиниката за радиологија и анестезиологот д-р Азби Агуши од КАРИЛ. 

притисни ентер