Откриени нови 130 пакети вакцини со истечен рок

Нов скандал поврзан со МРП вакцините. Нови 400-тини вакцини  каде на декларацијата пишува дека рокот на употреба на вакцината е поминат.

 Скандалот се случува само ден пред најавената посета од страна на белгискиот производител „Глаксо Смит Клајн“ по претходните најдени вакцини каде на декларацијата пишуваше дека истекол рокот на вакцината.

Инспекциските служби потврдија дека вакцините биле со добар кавлитет.  Засега се уште нема официјална потврда до министерството за здравство и од Агенцијата за лекови за новите пронајдени вакцини како што велат се со добар рок, но погрешна декларација иако имаше најава за прес конференција.

Скандалот доаѓа во период кога во Скопје е прогласена епидемија на морбили.

Денеска има два нови случаи на морбили. Едно дете од градинката „Сонце“ каде вчера беа хоспитализирани 7 деца со симптоми на морбили. Во моментов над 30 луѓе се со морбили, сите се деца и не се вакцинирани.

Министерот Филипче во претходните прес конференции објасни дека ќе побара и одговорност од дистрибутерот на вакцините „Македонија лек“ и од здравствените домови каде биле најдени вакицните. И дистрибутерот се јави со писмено соопштение за претходните вакцини со декларации со поминат рок, со образложение дека станува збор за техничка грешка и дека вакцините се со добар квалитет.

Лансирана ракета со 24 сателити , што во вселената носи и пепел на покојници (ВИДЕО)

Американската компанија SpaceX денеска ја лансираше во вселената својата најгоелма ракета ,,Фалкон Хеви” опремена со вселенски атомски часовник и соларно јадро.

Ракетата во вселената понесе 24 сателити , како и капсула со пепел на 150 покојни луѓе. Ова е прв ваков лет на компанијата на милијардерот Илон Маск , како дел од мисијата на Министерството за одбрана на САД. Еден од сателитиите што ги носи ,,Фалкон Хеви” на себе го има атомскиот часовник на НАСА ,,Deep Space” , што би требало да го смени начинот на навигација низ вселената.

Леталото носи и капсула во која има пепел од 150 покојници , чии семејства сакале тие да почиваат во вселената.  

Според Маск , ова било нивното најтешко лансирање. Вели дека сателитите требало да бидат поставени во три различни орбити и биле потребни неколку часа за да ги ослободат. Прв пат ракетата Фалкон Хеви е лансирана во февруари 2018 година.

Кучето Фрида , симбол на спасот на Мексико , замина во пензија (ВИДЕО)

Кучето Фрида , женка на лабрадор ритривер отиде во пензија од спасувачката служба на Мексико , а стана светски популарна по извлекувањето преживеани во земјотресот во 2017.

На посебна свеченост во чест на Фрида , воената морнарица на Мексико и подари посебна играчка , за да и бидат интересни пензионерските денови. Фрида годинава ќе наполни десет години полноправно членство во мексиканската спасувачка служба и има наполнето 70 човечки години.

Таа стана симбол на андежта на Мексиканците , откако вадеше преживеани по земјотресот на 19 септември 2017 година , кога загинаа над 300 лица. Таа за време на акцијата најде 12 преживеани под урнатините , како и 41 тело на загинати.

Учествуваше и во меѓународни мисии по земјотресите на Хаити и во Еквадор .

Поранешниот американски државен секретар си купи милионска вила од бејзбол ѕвезда (ФОТО

Поранешниот американски државен секретар Рекс Тилерсон купи луксузна вила од бејзбол ѕвездата Вернон Велс.

Според документацијата до која дошле американските медиуми ,67 годишниот Тилерсон и неговата сопруга Ронда ја купиле куќата на почетокот на месецов.

Тилерсон , пред да биде државен секретар на САД во 2018 , ја извршуваше функцијата директор на нафтената компанија Ексон. Куќата се наоќа во Вестлејк , во Тексас.

Куќата е продадена за 8,5 милиони долари , што е рекордна сума во областа Вестлејк , каде до сега рекордот го држаше куќа продадена во 2017 за 5,25 милиони долари.

Куќата на Тилерсон се наоѓа во затворената заедница за супербогати, Вакеро Клуб. Била иградена по мерка на бејзбол ѕвездата во 2010 и има површина од 1 500 квадратни метри.

Освен сите потреби , во куќата има и подземна пештера со базен. надвор има уште еден , бесконечен базен со бар до кој се плива и шечка за правење пици.

притисни ентер