За незаконско финансирање на партијата обвинети се екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски, поранешниот секретар на Владата, Божиновски, поранешниот министер за транспорт и врски Јанакиески, пратеникот Илија Димовски, и уште две лица.
Обезбедените финансиски средства во готовина, обвинетиот Никола Груевски не ги вратил на лицата од кои средствата доаѓале, односно не ги упатил во Буџетот на Република Македонија, како што имал обврска да стори согласно Законот за финансирање на политички партии, со што прибавил незаконски средства за финансирање на политичката партија ВМРО ДПМНЕ во износ од околу 4,6 милиони евра.
За ВМРО –ДПМНЕ ова е фабрикувано обвинение и уштреден обид за како што велат груб политички притисок и замолчување на партијата за уставните измени за промена на името.
Тонско
Обвинетата Елизабета Чингаровска лани призна вина и доби условна казна. Од кривичниот суд информираат дека по формирање на кривичен предмет по оценетиот обвинителен акт, истиот согласно АКМИС-системот ќе биде распределен на судија за понатамошно постапување.
Што се однесува до второто обвинение за истиот предмет на специјалното јавно обвинителство, за незаконска изградба на партиското седиште, судот сè уште не донел одлука. Обвиенинето е распределено кај судија за оценка и по донесено решение, јавноста ќе биде информирана.
Со вториот предмет обвинети се Никола Груевски и Кирил Божиновски . Тие склучиле договор за изградба на објектот со градежната компанија „Бетон“ од Штип, иако не смееле тоа да го направат затоа што оваа фирма имала склучено договори за јавни набавки со други државни институции. Со договорот со „Бетон“ тие договориле „несразмерна корист“ за ВМРО-ДПМНЕ и на тој начин се стекнале со имотна корист од над 8 милиони евра за партијата.