Законот за спречување корупција следната недела во собраниска процедура

Најголем дел од барањата на ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на новиот закон за спречување на корупцијата и официјално се неприфатливи за владата.

Од министерството за правда брифираат дека преложените амандмани од опозициската партија имаат за цел и во иднина комисијата која ќе се бори против широко распространетата корупција да биде практично со врзани раце, а посебно кога ќе треба да открива и спречува корупција во политичките партии. Од правда велат дека со новиот закон антикорупционерите ќе имаат повеќе овластувања да се занимаваат и со имотот на функционерите, нешто што според нив им пречи на ВМРО-ДПМНЕ, која досега поднесе вкупно 27 амандмани.

Дополнително не е прифатливо барањето или амандманот да не може секој да поднесува пријава за корупција. Власта е на став дека тоа мора да биде така, а за ова добиле позитивно мислење и од Европската комисија. Ако се прифатат овие амандманите и нова комисија нема да може ефикасно да се бори против оваа појава, сметаат од владата.

Од правда велат дека законот е веќе одобрен од Европската комисија, па поради тоа во собранието е пратен со европско знаменце и на него се гледа како на усогласување на нашето законодавство со европското.

Другата причина зошто европско знаменце и практична. Имано, со тоа, од владата се надеваат дека повеќе нема да може да се одолговлекува неговото носење и ќе биде реално да се фати рокот, имајќи во предвид дека се ближат претседателски избори, а би било ризично тие да се организираат без комисија која ќе треба да се бори и против корупцијата во самите партии, односно кој и како ги финансира.

Од правда се надеваат дека доколку има услови, новиот закон за ќе влезе во собраниска процедура во понеделник или вторник и земјава после речиси една година ќе добие комисија за борба против корупцијата.

Захарова: Русија нема да учествува на конференцијата за Украина

Русија нема намера да учествува на конференцијата за Украина, чија можност ја спомена украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Претходно Кулеба изјави дека преговорите со Русија за решавање на вооружениот конфликт со Украина би можеле да се одржат меѓу првиот и вториот самит за „формулата за мир“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Русија нема намера да учествува на таква конференција. Формулата на Зеленски не е ништо друго освен алхемија“, истакна Захарова.

Андоновски: „Нула корупција“ во јавните набавки

 Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски, денеска беше во посета на Струмица каде имаше средби со приватни компании од ИТ секторот и локалната администрација.

- Од она што можев да го забележам од досега реализираните средби e распространетото ниво на корупција, особено во јавните набавки и начинот на кој што се распоредуваат и трошат народните пари во Општина Струмица, начинот на кој што сe набавуваат потребни материјали за Општината, но и пошироко. Централната власт покажа колку е закоравена корупцијата. Затоа предлагаме „Нула корупција" преку интеграција и дигитализација на сите регистри, изјави Андоновски.

Посочи дека преку оваа мерка ќе се превенира корупцијата преку системот на јавни набавки, преку потекло на имот и дали некои луѓе се поврзани со проектите и на кој начин ќе ги добијат тендерите.

-Регистарот ќе ги спречи злоупотребите поврзани со лицата вклучени во јавните набавки во поглед на нивната подготовка и евалуација, но и учеството во истите од страна на компаниите кои конкурираат. Овој систем ќе послужи и во процесот на проверка на потеклото на имот. Ќе формираме сектор во рамките на Бирото за јавни набавки задолжен за контрола на критериумите за економски најповолна понуда и за спречување на манипулации во процесот на јавните набавки, додаде Андоновски.

Топлотен бран од Африка пристигнува во Македонија

На Македонија во наредниве денови и се заканува екстремно топло време со летни температури над 30 степени, нешто што е невообичајно за овој дел од годинината.

Долнително песочен облак од Сахара, кој веќе прави проблеми во соседна Грција ќе дојде и во земјава. На оваа тема ја вклучуваме Мирјана Мирчевска – Јовановиќ.

Што велат метеоролозите, кога пристигнува топлото време?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер