Стоилковски:Власта врши жесток притисок врз пратеници да ги поддржат уставните измени

Македонија е жртва на личната желба за спас на политичката кариера на Зоран Заев. Тоа значи заштита на криминалот на власта, тендерите и нивните бенефиции. 

За Македонија, значи погазено достоинство, сменето име, сиромаштија и беда.

Ако минатите месеци бевме сведоци на насилно туркање на уставните измени, денес насилството засилува и кулминира. Изминатите 24 часа власта врши жесток притисок врз пратеници, нивни роднини и пријатели - за да ги поддржат уставните измени.

Имаме неформални сведоштва од луѓе, чиј што идентитет од разбирливи причини нема да го откриеме, за јавувања од посредници кои што се повикуваат на Зоран Заев. Во игра се пари, ветувања за ослободување од политички прогон, за возврат за поддршка на уставните измени за промена на уставното име на Република Македонија.

Македонија станува окупирана држава од луѓе кои што се на власт и на сила го менуваат името!

Според непотврдени информации, дел објавени од медиумите, поранешни функционери од нашата партија, уценети со случаи дел од политичкиот прогон, под закана за нивната слобода, се ставени во функција да убедуваат со јавувања по пратеници нивни роднини и пријатели.

Против овие луѓе кои што сега се притиснати да работат за Зоран Заев има конструирани обвиненија и судски случаи. Сега оние кои што не издржаа, на овој начин се борат за свое опстојување на слобода.

Но сепак, Македонија е поважна, побитна од било чија лична судбина. Затоа ги повикуваме да не ги прифаќаат насоките и да ги ослободат од притисоци пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои што веќе донесоа одлука да не учествуваат во насилната промена на Уставот.

Да не му се дава ветер во грбот на Зоран Заев кој паѓа во сопствената жива кал! Да ја ставиме Македонија пред личниот интерес. Државниот интерес пред партискиот, да ја ставиме Македонија на прво место!

Државата е погазена, институциите се згазени. Заев е уплашен човек кој што почнува да губи!

Бузаку: Од утре сум нов поглавар на ИВЗ врз основа на судско решение и внатрешни акти

Скендер Бузаку денеска во изјава за медиуми најави дека од утре тој е новиот поглавар на Исламската верска заедница.

Како што истакна тој ќе раководи со Исламската верска заедница согласно судско решение и сите внатрешни акти.

Информира дека ја известил и финансовата полиција која треба да направи увид на досегашното работење на поглаварот Сулејман Реџепи во Исламската верска заедници.

Како што рече очекува мирно преземање на раководењето со ИВЗ и оцени дека сета постапка досега е направена во демократска атмосфера

Влада: Формирана е Kомисија за спроведување постапка за јавно приватно партнерство за изградба на систем за дистрибуција на природен гас

Владата на 131 седница формира Надзорен одбор за напредок на имплементацијата на телефонскиот број за итни повици Е-112, зголемено е учеството во Фондот за Западен Балкан за реализација на крупните проекти.

Владата на денешната 131 седница ја разгледа и усвои Информацијата од одржаниот состанок на Надзорниот одбор за супервизија и следење на напредокот во имплементацијата на системот за итни повици Е-112 во Република Македонија, и ги задолжи Генералниот секретаријат на Владата, Министерството за одбрана, Министерството за финансии и Секретаријатот за европски прашања во рок од десет дена да номинираат свои претставници во Надзорниот одбор за супервизија и следење на напредокот во имплементацијата на Е-112 и да ги достават до Центарот за управување со кризи.

Како дополнителен заклучок на седницата Владата на РСМ го задолжи Генералниот секретаријат редовно да ја информира Владата за напредокот во имплементацијата на системот за итни повици Е-112 кој произлегува како обврска од усогласувањата со праксата на Европската Унија за воспоставување комуникациско–информативен систем и единствениот европски број за итни повици во сите земји на унијата.

На денешната седница е разгледана и усвоена Информацијата за зголемување на учеството на државите-членки во буџетот на Фондот за Западен Балкан, во функција на реализација на програмските активности, и донесе заклучок да го задолжи Министерството за надворешни работи во рамки на својата координација со Фондот за Западен Балкан да ја потврди подготвеноста на Република Северна Македонија, почнувајќи од 2019 година, за уплата на зголемени годишни контрибуции кон буџетот на Фондот за Западен Балкан, утврдени на износ од шеесет илјади евра (60.000 евра) годишно односно 3.690.000 денари во денарска противвредност.

На оваа своја 131 седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за Планирање и проценка (PARP), согласно редовната обврска за планирање на одбранбените капацитети за 2019 година, и го задолжува Министерството за одбрана да ги реализира подготовките за мултилатералните консултации со НАТО за финализирање на PARP Проценката 2019 на Република  Северна Македонија до 30 јуни 2019 година, до кога овој документ треба да биде доставен во Главниот Штаб на Алијансата во Брисел.

За имплементацијата на преземените обврски, Министерството за одбрана треба да ја информира Владата на РСМ најдоцна до 31 јули 2019 година.

На седницата одржана денеска, Владата донесе Решение за формирање на Kомисија за спроведување на постапката за доделување на Договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на нов систем за дистрибуција на природен гас на територијата на Република Македонија.

Комисијата има за цел да ја спроведе целокупната постапка за доделување на договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас по пат на јавен повик за избор на јавен партнер со постапка на конкурентен дијалог со е–аукција, односно да го подготви јавниот повик, тендерска документација, вклучувајќи го и нацртот на договорот, и да изврши евалуација и изготви извештај за евалуација на понудите како и да достави до Владата предлог за избор на најповолен понудувач за избор на јавен партнер за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас или предлог за поништување на постапка.

Историската средба Путин – Ким ќе се одржи на далечниот исток

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во честврток ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин

Средбата ќе се одржи на далечниот исток на Русија , изјави советникот во Кремљ , Јури Ушаков . На неа Северна Кореја ќе бара сојузник за блокираните преговори со САД поради барањето на Трамп за целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

,,Нашиот претседател во четврток ќе разговара со северникорејскуиот лидер Ким Џонг-ун.” најави Ушаков на прес конференција.

Оваа средба е прва меѓу двајцата претседатели и според Ушаков е клучен настан во билатералните односи на двете земји.

Севернокорејската новинаска агенција КЦНА најави дека Ким наскоро ќе ја посети Русија на покана на Путин.

Според најавите , средбата ќе се одржи во Владивосток , град на крајниот исток на Русија.

притисни ентер