Во ноември лани 292 градежни дозволи, изградба на 717 станови

Во ноември годинава се издадени 292 одобренија за градење, што е за 27,5  проценти повеќе во однос на ноември 2017 година.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, во извештајниот период е предвидена изградба на 717 станови, со вкупна корисна површина од 47.289 метри квадратни. Од вкупниот број, 514 станови се во Скопскиот регион, односно 326 во општина Бутел, 104 во Карпош, 55 во Центар 16 во Ѓорче Петров.

Според издадените одобренија за градење во ноември лани, предвидената вредност на објектите изнесува 2.942.350.000  денари или за 80,1 процент повeќе во однос на ноември 2017.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 144 (49,3  проценти) се наменети за објекти од високоградба, 52 (17,8  проценти) од нискоградба и 96 (32,9  проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 292 објекти, на 167 (57,2  процента) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 125 (42,8  проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Еко-акција за чистење на парк шумата Гази Баба

Во Еко-акција, организираа Општина Гази Баба и град Скопје, заедно со ЈКП „Гази Баба" и ЈП „Паркови и зеленило", со поддршка на „Акцијаши" – Скопје, денеска беа исчистени  пристапните патеки и неколку критични локации во парк шумата „Гази

Од Општината информираат дека во следната фаза започнуваат со обнова и поставување на нова урбана опрема во парк шумата. Нов модерен парк за миленици ќе биде новата содржина што ќе ја краси парк шумата Гази Баба, а на повеќе локации низ самата парк шума ќе бидат поставени реквизити за миленици и посебна урбана опрема.

– Целта на оваа акција е да бидеме пример за сите оние кои ја загадуваат животната средина. Да им покажеме дека кога сме во природа, треба и ѓубрето кое што сме го направиле, да го собереме и фрлиме во соодветни контејнери, истакна градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски. 

Масовна тепачка на плоштад во Берлин – се степаа фанови на две јутјуб ѕвезди

Спор меѓу две ривалски ѕвезди на јутјуб каналот, предизвика масовна тепачка на плоштад во Берлин.

Повеќе од 100 полицајци учествуваа во акцијата за спречување на тепачката која избила во четвртокот вечерта на плоштадот Александерплац во германскиот главен град.

Полицијата соопшти дека уапсени се девет лица, а се претпоставува дека тепачката била организирана, со оглед дека се собрале повеќе од 400 луѓе, откако двајца главни поттикнувачи на инцидентот, ги повикале своите обожаватели да им се придружат на соочувањето.

Тензиите ескалирале, по што избила голема гужва меѓу 50-на луѓе.

 

Во Струмица продолжи акцијата за чистење диви депонии

Продолжува акциjата за чистење на комуналниот отпад во повеќе населени места на територијата на општина Струмица со конкретни активности на ЈПКД „Комуналец" во соработка со општината и голема помош со механизација на дел од приватниот сектор. 

Денес се чистеа диви депонии во населените места Банско, Муртино и Просениково.

Раководителот на секторот „Комунална хигиена" при ЈПКД „Комуналц",Бранко Горѓиев, информираше дека првата недела од акцијата за чистење на дивите депонии биле подигнати 1.370 метри кубни отпад, а исчистени се депонии во населените места Просениково, Добрејци и Водоча.

-Со овие акции се очекува значително да се подобри состојбата со непрописното одложување на отпадот, намалување на неговото штетно влијание и локализирање на депониите со цел полесна контрола на истите, рече Горѓиев,

Градоначалникот Коста Јаневски и директорот на „Комуналец", Зоран Горгиев и денеска повторно упатија апел до граѓаните за совесно и правилно да го одлагаат својот отпад, со цел да се спречи создавање на диви депонии и да се сфати пораката дека заштитата на животната околина зависи од сите нас./МИА

притисни ентер