Постапката за откуп на дворно место ќе може да се следи од дома

Се планира до крај на март годинава сите предмети за приватизација на градежно земјиште да бидат внесени во менаџмент информацискиот систем на кој се работело минатата година. 

  Од второто тримесечје годинава граѓаните ќе можат да си го следат својот предмет за приватизација на градежното место од дома, истакнале на  денешната средба министерот за финансии, Драган Тевдовски и директорката на Управата за имотно правни работи Шасине Касами.

Се планира до крај на март годинава сите предмети за приватизација на градежно земјиште да бидат внесени во менаџмент информацискиот систем на кој се работело минатата година. Потоа ќе биде развиена дополнителна можност за пристап во него на поднeсителите на барања, кои во секој момент ќе имаат увид во статусот на нивното поднесено барање, соопшти Министерството за финансии.

Управата го надградува систем со цел зголемување на ефикасноста на услугите. Набавени се скенери со високи перформанси за полесно и поедноставно внесување на предметите.

Годинава, како што информирала директорката Касами, ќе се менува и Законот за приватизација на градежно земјиште со цел упростување и прецизирање на постапките. Се работи и на измени за забрзување на постапката за решавање на предметите кои се однесуваат на колективните станбени згради.

Локализиран пожарот од страна на Пинтија

Целосно е локализиран пожарот од страна на Пинтија, останува дел над населбата Усје. 

Противпожарни екипи се на терен и се работи на негово комплетно гаснење, информираат за МИА од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

Пожарот избувна денеска околу 11:30 часот во шумата над скопската населба Пинтија. Зафатена беше поголема површина мешана шума.

Територијалната противпожарна единица на Град Скопје во гаснењето на пожарот доби помош и од воздух, активирани беа и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување. Авионите направија два прелети  и фрлија вода кон Сопиште, каде се ширеше пожарот. Пожарникарите уверуваат дека нема опасност за ширење на пожарот кон Сопиште.

Во гаснењето на пожарот во Пинтија се вклучи и градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски со претставници од Општината и месното население.

Во моментов активен е само пожарот кај Обиколница Бутел, а изгаснати се пожарите во Долно Блаце и Мојанци./МИА

Во сообраќајна несреќа настрадале мајка и ќерка од Пирот

Наместо да стигнат на одмор во Грција тие настрадале во сообраќајна несреќа.

Во сообраќајната несреќа која се случила во петок изутрина во Бугарија, на магистралниот пат кон Грција се случила сообраќајна несреќа во која настрадале мајка и ќерка, додека таткото кој го управувал возилото со тешки повреди е пренесен во болница.

Како што соопштуваат бугарските медиуми, несреќата се случила откако возилото „Фиат Панда“ со пиротски регистарски таблички од непознати причини нагло свртело на другата страна од коловозната лента и направило директен судир со автобус кој се обраќал на релација Благоевград- Сапарева бања.

Семејството од Пирот на кое му се случи оваа несреќа било тргнато на годишен одмор во Грција.

Тројца мртви во инцидент меѓу навивачи во Хондурас

Тројца се убиени во инцидент меѓу навивачи пред фудбалскиот меч помеѓу Мотахуе и Олимпија на Националниот стадион во Хондурас, пишуваат локалните медиуми.

Тие пренесуваат дека навивачи на Олипија го нападнале автобусот во кој се возеле навивачи од противничкиот тим. Се слушало пукање а полицијата користела солзавец за да го сопре инцидентот. Повредени се уште тројца луѓе од скршено стакло.

притисни ентер