Видео: Жена возач на автобус спаси бебе додека талкаше на улица

Возач на автобус спаси едногодишно дете во Милвоки кое босоного, по студено време одеше покрај улица.

Бебето старо 19 месеци, облечено во тенка облека, го забележала Ирена Ивиќ, Србинка по потекло, која го управувала градскиот автобус.

 Таа веднаш застанала и истрчала да го земе детето, кое незабележително излегло од дома.

 По преземањето, социјалните служби го сместиле во прифатен центар, а потоа го споиле со неговиот татко, откако наводно било утврдено дека мајката имала психички проблеми.

 Градските власти во одржале и прес конференција за да и оддадат признание на Ивиќ.

 Таа по тој повод само кусо се заблагодарила и рекла дека се нашла на право место во вистинско време, пренесува српскиот весник Блиц.

Фото: Шерон Стоун ли е ова??

Холивудската ѕвезда Шерон Стоин веќе неколку децении е една од најубавите жени на филмот.

Модните критичари многу често ја нарекуваат беспрекорно стилизирана дама, но сега атрактивната актерка изненади со бизарниот стајлинг на црвениот тепих во Лос Анџелес.

61- годишната Шерон на церемонијата во Музејот на современа уметност во Лос Анџелес се појавила облечена во плетен црн фустан со плетена црвена капа и очила за сонце.

Забележлив бил и синиот лак на ноктите на рацете, а црвениот на прстите на нозете.

Мел Б од „Спајс грлс“ пренесена во болница поради ослепување

Поранешната членка на мегапопуларниот женски бенд „Спајс грлс“ Мелани Браун позната како Мел Б хитно е пренесена во болница откако го загубила видот.

Пејачката е однесена на испитување во една болница во Лондон.

Британските медиуми пренесуваат дека на 43 годишната Мелани и сее слошило додека била во својот дом и дека нејзиното семејство веднаш повикало Брза помош. Мелани повторувала само дека „ништо не гледа“.

Пејачката инаку пред дваесетина години ласерски се обидела да ја намали диоптријата, но откако операцијата тргнала во лош правец таа трајно го загубила видот на левото око. Но, сега Мелани се пожалила дека не гледа ништо ниту на десното око и дека „ослепела“.

Фото: Бандерас шоу во Кан!

Јас стар!?

Холивудскиот актер Антонио Бандерас приреди вистонско шоу на црвениот тепих на Канскиот фестивал.

Популарниот актер им позираше на фотографите во Кан во неколку разлини улоги и покажа дека годините не му можат ништо.

Бандерас на црвениот тепих го демонстрираше својот „талент“ како гимнастичар, танчер....

Целиот перформанс го изведе пред очите на убавата колешка Пенелопе Круз.

притисни ентер