Вакцина против грип примиле 19.942 лица од кои 14.089 се хронично болни

Oд почетокот на вакцинацијата против сезонски грип на 5 ноември 2018 година, до првата недела од јануари, вакцинирани се 19.942 лица со бесплатни вакцини против сезонски грип, односно 71,2 отсто од вкупниот број на набавени вакцини. 

Во однос на комерцијалните вакцини, согласно достапните податоци од центрите за јавно здравје/подрачните единици, вакцинирани се 19.322 лица, се наведува во извештајот што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје.

Најголем број од вакцинираните, како што се посочува, се на возраст над 65 години – 10.955 лица или 56,7 отсто, на возраст од 30-64 години – 7.366 лица или 38,1 отсто, додека на возраст од пет до 29 години се 196 или еден отсто. Вакцинирани се четири деца на возраст под пет години. Од категоријата на здравствени работници, вакцинирани се 801 лица или 4,1 отсто. Нема вакцинирани бремени жени. Од вкупниот број вакцинирани, 14.089 лица или 72,9 отсто се со историја на хронично/и заболување/а.

Во сезоната 2018/2019 вкупниот број на заболени од грип изнесува 1.414. а текот на изминатата недела (од 31 декември до 6 јануари) во Република Македонија се регистрирани 196 заболени од грип, што е намалување за три отсто, споредено со неделата пред неа, кога беа регистрирани 202 случаја, стои во извештајот.

Најголем број заболени (146) се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, а највисока инциденца од 13 на 100.000 жители е регистрирана кај лицата од возрасната група од пет до14 години. Најголем број заболени, 73, се пријавени од подрачјето на Подрачната единица Гостивар каде се регистрирана и највисока инциденца.

Од Институтот за јавно здравје истакнуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување и поради тоа препорачуваат вакцинација на целото население, особено за лица кои припаѓаат на ризични групи, согласно препораките на СЗО.

Балетски триптих „Молитви на моето тело“ на фестивалот „Танц фест Скопје“

Ќе настапи Женскиот младински хор при МКЦ под диригентство на Сашо Татарчевски.

Во Националната опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведен балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ во рамки на 20. Иинтернационалниот фестивал „Танц фест Скопје 2024“, кој е инспириран од циклусот поезија со истоимен наслов од поетот Ацо Шопов.

-Поезијата на Шопов ќе биде „прочитана“ со јазикот на танцот создаден од тројца македонски кореографи на музика на тројца македонски композитори и останатите уметници. Во формат на триптих, балетската претстава „Молитви на моето тело“ претставува 90-минутно креативно „сплотување“ на тим од тринаесет уметници, сценски пренесено од првенците, солистите и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет, соопшти Националната опера и балет.

Идејата за проектот и за костимите е на Александар Ношпал, драматург е Соња Здравкова-Џепароска, кореографи се Ивана Коцевска, Адријана Данчевска и Саша Евтимова, музиката е на Дарија Андовска, Александар Гроздановски и Александар Пејовски.

Ќе настапи Женскиот младински хор при МКЦ под диригентство на Сашо Татарчевски, сценограф е Михајло Стојановски, визуелен уметник - Флоријан Чанга од Албанија, камера и видеомонтажа на филм - Доријан Миловановиќ и мултимедија и графички дизајн - Лазе Трипков.

Пјонгјанг извршил симулација на нуклеарен контранапад

Северна Кореја денеска соопшти дека извела симулација на нуклеарен контранапад „во која учествувалe супер-големи ракетни артилериски лансери“.

Државната новинска агенција КЦНА јави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го надгледувал вчерашното лансирање, првата демонстрација на новиот систем за управување и контрола на нуклеарното оружје на Пјонгјанг наречен „Haekbangashoe“ или „нуклеарен активирач“.

Според Генералштабот на Јужна Кореја, Северна Кореја во понеделникот истрелала неколку сомнителни балистички ракети кон отворено море.

На Северна Кореја и е забрането со резолуции на ОН да лансира, па дури и да тестира балистички ракети од кој било дострел.

Наводните ракети со краток дострел по лансирањето полетале околу 300 километри на исток од областа околу главниот град Пјонгјанг и паднале во морето.

Во зависност од дизајнот, балистичките ракети можат да бидат опремени и со нуклеарна боева глава. И покрај меѓународните санкции, Северна Кореја продолжува да тестира ракети со нуклеарни способности и други системи за оружје. Пјонгјанг во петокот соопшти дека неодамна тестирал боева глава за стратешка крстосувачка ракета и противвоздушни проектили. /МИА

Израел го критикуваше конечниот извештај за обвинувањата против УНРВА

 Израел го критикуваше извештајот за Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), главниот обезбедувач на хуманитарни услуги во Газа, пренесе ДПА.

Експертите задолжени за истрага на неутралноста на ОН во однос на наводите дека вработени во ОН биле вмешани во нападите врз Израел на 7 октомври препорачаа заострување на заштитните мерки во „осум критични области“.

Во исто време, во нивниот извештај се вели и дека Израел досега не доставил докази дека одредени вработени биле членови на терористички организации.

Извештајот „ја игнорира сериозноста на проблемот“, напиша портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи Орен Марморштајн на X.

- Проблемот со УНРВА-Газа не е во неколку лоши јаболка; тоа е гнило и отровно дрво чии корени се Хамас, напиша тој.

- Хамас толку длабоко се инфилтрира во УНРВА што веќе не е можно да се одреди каде завршува УНРВА, а каде почнува Хамас, напиша Марморштајн.

- Вака не изгледа вистински и темелен преглед. Вака изгледа обид да се избегне проблемот и да не се решава директно, нагласи тој и додаде дека „УНРВА беше дел од проблемот, а не дел од решението“.

- Постојат и други решенија. УНРВА не може да биде дел од решението во Газа ниту сега, ниту во иднина, изјави портпаролот на израелското МНР. /МИА

притисни ентер