Фото: Силна порака од Џенифер Лопез

Холивудската ѕвезда Џенифер Лопез ќе се појави на насловната страница на магазинот „Харперс базар“.

Во новиот број на познатиот магазин ќе се појави и интересно интервју на популарната Џеј Ло во кое таа отворено зборува за своите несигурности и за тоа каков однос има кон кариерата и луѓето околу себе.

На фотографиите кои ќе се појават во магазинот  може да се види феноменалната става на 49 годишната латиноамериканка. Мегапопуларната пејачка меѓу другото во интервјуто за магазинот истакнала.

-На почетокот на кариерата имав чувство дека луѓето сакаат да ме стават во кутија. Или ќе глумиш или ќе пееше,  двете работи не може. Сепак јас се чувствувам сигурно со самата себе поради тоа што знаев дека ќе работам различни работи. Си реков себе си дека ќе се обидам.Никогаш не помислив дека не сакам да го работам она што го работам. Само некогаш помислуван дека добро ми ми дошла пауза. Но сепак имам уште многу тоа што да направам. Мислам дека никогаш нема да си кажам себеси дека сум направила се што сум сакала, изјавила во интервјуто Џеј Ло.

Најмоќниот и најбрзиот автомобил на Форд - Shelby GT500 (видео)

Форд во оваа првата половина на јануари на саемот за автомобили во Детроит го претстави најмоќниот и најбрзиот сериски автомобил Мустанг.

Како што изјавуваат од Форд, за погонот на овој автомобил употребен е 5.2 литарски V8 со компресор, а моторот произведува повеќе од 700 коњски сили.

Според фабричките податоци, Shelby GT500 е во состојба од место до 96 километри на час да забрза за само околу 3 секунди, додека 400 метри поминува за нешто помалку од 11 секунди.

Форд ја најави продажбата на овој монструозен Мустанг на почетокот на оваа есен.

Викендов целосно затемнување на месечината и феномен на ,, Супер Месечина“

Викендов ќе се случи многу редок феномен од една страна на целосно затемнување на Месечината а од друга, на Супер Месечина.

- Американскиот астрофизичар Патрик Хартиган изјави дека тоа ќе биде интересно бидејќи ќе се случи и Супер Месечина и целосно затемнување на месечината додавајќи дека затемнувањето ќе трае многу долго, околу еден час.

Затемнувањето ќе почне в недела вечерта или в понеделник рано наутро во зависност од тоа на кој дел од земјата ќе се набљудува овој феномен.

Феноменот ќе може да се види  во северна и Јужна Америка, на Гренланд, Исланд, Ирска, Велика Британија, Норвешка, Шведска, Португалија, но и на брегот на Франција и Шпанија.

Другиот дел од Европа ќе има само делумен поглед.

Наредното целосно затемнување на Месечината се предвидува за мај 2021 година.

Актерката Бети Вајт го прослави 97. роденден играјќи покер

Комичарката Бети Вајт го прославии 97. роденден со торта и играјќи покер со пријателите.

Вајт, која е најпозната по  улогата Роуз Нуланд во серијата „Златни девојки“, снима и денес филмови и реклами.

Таа е запишана во Гинисовата книга на рекорди како жена со најдолга телевизиска кариера во историјата.

Вајт на прашањето на што се должи нејзината долговечноста и виталноста одговори – „на вотка и хот дог“.

притисни ентер