Јапонија прв противник на македонските ракометари на СП во Германија и Данска

Македонската машка ракометна репрезентација денеска со натпреварот против селекцијата на Јапонија го започнува настапот на Светскиот шампионат во Германија и Данска.

За македонскиот национален тим ова ќе биде четвртото учество на  Светските првенства во низа.  

Подмладениот состав на македонската селекција против тимот на Јапонија  е фаворит за триумф во првиот натпревар во Групата Б на шампионатот.

Без  искусните Миркуловски, Јоновски, Митков  и Прибак македонската селекцијата на Мундијалот во Германија и данска замина со амбиции за пласман во вториот круг, за што ќе биде потребно да се освои едно од првите три места во групата во конкуренција на европскиот шампион Шпанија, силната Хрватска, незгодниот Исланд и аутсајдерот Бахреин.

Натпреварот со Јапонија во Минхен започнува во 15 и 30 часот, а според најавите црвено жолтите од трибините ќе ја имаат поддршката и од македонска фаланга.

Во нашата Б група денеска се играат и дуелите Исланд – Хрватска од 18 часот и Бахреин – Шпанија од 2030 часот.

Лудница во Мелбурн – тенисер се соблече на теренот и го имитираше Ле Брон (ВИДЕО)

Откако пред два дена го изненади Кевин Андерсон во четири сета , американецот Франсис Тиафо , направи иненадување и на мечот против Андреас Сепи и влезе во осмина финалето на Аустралиа Опен.

Публиката во Мелбурн имаше можност да ужива и во емотивниот настап на Тиафо. Кога го доби натпреварот против Андерсон , го имитираше Ле Брон Џејмс со удирање по надлактиците , но отако го победи Сепи , направи шоу.

Тифоу зазтана среде терен , ја соблече маицата и почна на цел глас да вика имитирајќи го повторно Ле Брон. ,,Даааа, ете колку ова ми значи” , викаше Американецот , додека публиката го скандираше неговото име.

Американски кошаркар најден мртов во својот стан

Кошаркарот на францускиот второлигаш Нант , американецот Џермеин Маршал , почина во 28 година од животот.

Попладнево неговото тело било најдено во станот , а причината за смртта не е позната. Од клубот изразија сочуство до семејството , како и известување дека ќе се одложи натпреварот в недела против тимот на Ада Боис.

Џермеин е роден на 7 ноември 1990 во Пенсилванија. Почнал сериозно да се занимава со кошарка на Универзитетот во Аризона каде просечно давал по 11,2 поена.

Се обидел и во НБА , но не успеал па се решил да замине во Европа. Играл во тимови во Италија , Холандија , Финска и Франција.

Македонија загуби од Исланд со 22:24 – надеж за пласман од 12 до 24 место на Мундијалот

Ракометната репрезентација на Македонија загуби од Исланд со 24-22 и остана без пласман во втората фаза на Светското првенство во Данска и Германија.Македонија до крајот на Мундијалот ке разигрува за пласман од 12-то до 24-то место.

Најдобрите македонски ракометари загубија од Исланд со 24-22 во последниот натпревар од групата Б, со што не ја остварија примарната цел – пласман во втората фаза на Мундијалот.

Македонија ке остане на шампионатот и ке настапи во таканаречениот Президент куп односно за пласман од 12-то до 24-то место. Македонија и Исланд очекувано одиграа тврд натпревар со малку голови, а со многу тактизирање, од кој противникот излезе како победник.

Слабостите што Македонскиот национален тим ги покажа во дуелите со Шпанија и Хрватска, ги повтори и вечерва со Исланд. Недоволно цврста одбрана која во клучните моменти му се нуди на противникот, а во нападот повторно без вистинско решение и лоша зицер-реализација.

На тактички план, Исланѓаните добро подготвени, а многу подобро од нашите ракометри и психолошки потковани. Македонија во разигрувањето за пласман првиот натпревар ке го има в сабота најверојатно против Русија како четвртопласирана селекција од групата А.

Од нашата група Б, понатаму одат Шпанија, Хрватска и Исланд кои во втората фаза ке играат во група со најдобрите три од А групата, односно Франција, Германија и Бразил.

притисни ентер