По 30 години пауза доделувањето на Оскарите без водител

По скандалот поради Кевин Харт и неговите изјави, Американската академија за филм се одлучила годинешното доделување на Оскарите  да мине без ексклузивен водител.

Официјалното соопштение следува по многуте шпекулации и невистини поврзани со доделувањето на Оскарите.

Академијата одлучила годинава доделувањето на најпрестижните филмски награди да го водат неколку водители чии имиња се уште не се објавуваат.

Доделувањето на престижните Оскари ќе се одржи на 24 февруари , а Академијата според медиумите се обидува се да организира во најкус можен рок.

Манифестацијата доделување на Оскарите без водител беше и во 1989 година, кога еден од водителите Роб Ловер имал „катастрофален момент“ за време на  манифестацијата, пренесува магазинот „Вариети“.

Преубавата манекенка ги воодушеви своите фанови

Таа се прослави како заштитно лице на познатиот бренд  „Викторија Сикрет“

Преубавата манекенка Роми Стријд ги воодушеви своите фанови ширум светот со новите атрактивни фотографии. Оваа убавица од ден во ден станува се повеќе популарна. Дефинитивно никој не може да остане рамнодушен на нејзината убавина.

Крај за „McLaren 600LT“ после една година произведување

Како што најавија од компанијата „McLaren“ после една година е окончано производството на моделот „600LT“ и на тој начин го прават овој модел уште по ексклузивен.

Последните примероци од овој модел го напуштија погонот за производство и со тоа „McLaren“ заврши уште еден успешен дел од својата историја.

Видео: Најдолгиот зиплајн на светот

На планината Јебел Јаис во Обединетите Арапски Емирати, се наоѓа најдолгиот зиплајн на светот. Долг е скоро три километри.

На овој зиплајн можете да достигнете брзина од дури 170 Км/ч, погледнете во видеото како тоа изгледа во пракса.

притисни ентер