Нови обвинувања за Кристијано Ронадло, не е само силувач туку е и насилник !?

Поранешната девојка со сериозни обвинувања за Кристијано Роналдо.

Британската манекенка Џесмин Ленерд влегува со нови обвиненија во скандалот кој изминатите неколку месеци го следи најдобриот фудбалер на Јувентус Кристијано Роналдо.

Манекенката Џесмин претходно во британските медиуми се фалеѓе дека пред десетина години била во „шема“ со Крисијано, врската била кратка. Наводно потоа тие двајца останале во добри односи и повремено биле во контакт. Меѓутоа откако беше објавено дека Кристијано Роналдо наводно ја злоставувал Американката Кетрин Мајорг, Џесмин ја сменила „плочата“.

Таа сега тврди дека Роналдо е „психопат и насилник“ и предупредила дека на социјалните мрежи ќе објави видеа кои тоа ќе го потврдат. Медиумите веднаш ги пренеле овие нејзини информации, а Џесмин истакнала.

Никој не знае каков е тој навистина. Кога би дознале половина од работите што тој ги прави би биле запрепастени. Сепак, вистината секогаш излегува на виделина, напишала Џесмин.

Британската манекенка прво објавила дека Роналдо и претел со „осветничка порнографија“ односно дека на нејзиниот татко ќе му испрати експлицитни фотографи кои што ги поседува. На овие предупредувања Џесмин напишала.

-Кога се скаравме, ми рече дека неговите луѓе ќе ме киднапираат, убијат и исечат на парчиња и ќе ме фрлат во река. Јас имам докази за сите овие тврдења, пишува Џесмин.

ПР тимот на Кристијано Роналдо веднаш ги отфрлил овие обвинувања од британската манекенка и реалите ѕвезда.

Џесмин Ленард пак неколку часа потоа ги избришала сите објави од социјалните мрежи.

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс искажа комплименти за центарот на Деневер, Никола Јокиќ.

Лејкерси ќе се сретнат со Нагетс во 1. коло од плејофот, а дуелот Џејмс – Јокиќ предизвикува големо внимание кај светската кошаркарска јавност.

- Еден од најдобрите досега. Едноставно е таков. Јокиќ може се. Што е најважно, тој го менува начинот на кој неговите соиграчи размислуваат за сопствената игра. Кога некој може да ги инспирира другите да играат на ниво на кое не ни знаеле дека можат, тоа е доказ дека зборуваме за навистина одличен играч, рече Џејмс.

Првата средба во плејоф пресметките меѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер нагетс е закажана за утре. /МИА

притисни ентер