Најпозната светска спортска двојка, Ана и Бастијан на насловната страница на „Вог“

Најпозната светска спортска брачна двојка, екс тенисерката Ана Ивановиќ и фудбалерот Бастијан Швајнштајгер ќе се појави на насловната страница на германското издание на магазинот „Вог“.

Некогашната најдобра светска тенисерка Ана Ивановиќ иако во 2016 го напушти белиот спорт се уште е интересна за медиумите. Ана која неодамна стана амбасадорка на УНИЦЕФ поради складниот брак има многу што да каже во медиумите за мирниот брачен живот.

Прекрасната Ана и некогашниот капитен на германската фудбалска репрезентација, Бастијан Швајнштајгер кој е се уште активен како фудбалер во Америка се во брак од 2016 година, во 2018 година го добија и првото дете.

Во февруарското издание на Вог заљубениот брачен пар ја открива тајната на нивниот складен заеднички живот.

„Кога ќе ја пронајдете љубовта на својот живото секако дека мора да постои љубов, но покрај тоа подеднакво се значајни и почитувањето и разбирањето меѓу сопружниците“, изјавила Ана.

Во промотивното видео на јутјуб Ана изјавила дека крај својот сопруг се чувствува сигурно, а Бастијан наведува дека најмногу сака да го минува времето со Ана и нивниот син.

Заев: Коалицијата Можеме е победник на овие избори!

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во обраќањето рече дека коалицијата Можеме е победник на предвремените парламентарни избори со најмалку три пратеника предност пред ВМРО-ДПМНЕ.

Заев рече дека коалицијата има сигурна и стабилна предност од најмалку тројц апратеници , со мошност за добивање уште двајца или тројца.

,,Со оваа ваша поддршка не обврзувате на одговорност, но може да работиме уште повеќе и уште подобро" , рече Заев .

ДИК: СДСМ 36,13%, ВМРО-ДПМНЕ 34,65%, ДУИ 11,57%, АА и А 8,79%

Од преброени гласови 96,93 отсто од избирачките ливчиња, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме" води со освоени 36,13 отсто од гласовите пред ВМРО-ДПМНЕ со 34,65.

Податоците објавени од Државната изборна комисија во нивното седиште, имајќи предвид дека веб страницата повеќе од еден час не им функционира, покажуваат дека за ДУИ гласале 11,57, за Алијанса на Албанците и Алтернатива 8,79, за Левица 3,96, ДПА 1,48 и за Интегра 1,33 , а другите партии и коалиции учесници на изборите имаат под 0,4 отсто, информира пред малку на прес конференција портпаролот на ДИК , Адмир Шабани.

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ влегува во трка за формирање на нова влада

Народот покажа дека народот не сака криминална и коруптивна власт, рече генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ , Игор Јанушев.

Победивме во голем број градови и населени места рече Јанушев. Трката е тесна речиси изедначена , да почекаме да ги видиме финалните бројки.

ВМРО-ДПМНЕ влегува во трка за обезбедување мнозинство за формирање на нова влада .

притисни ентер