Мицкоски: На отворена сцена се одвива пазарење со името и идентитетот

На отворена сцена се одвива ова пазарење со името и идентитетот, како на тезга, како на див пазар. 

Заев признава дека ова гласање тука зависи само од судските случаи. Има ли поголемо признание од ова, не само што се пазари туку обвинителството и судството му слугува на тоа пазарење, изјави Христијан Мицкоски, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на денешниот простест пред Собранието против уставните измени.

Мицкоски истакна дека на Заев му е совршено јасно дека драматично губи кај македонскиот народ и останатите етнички заедници.

– Името не го менуваат затоа што носат подобра иднина, туку го менуваат зошто вештачки, спротивно на волјата на народ, преку уцени и закани собраа 80 пратеници, рече Мицкоски.

Додаде дека Заев не треба да се фали оти патот кон Европа ќе го одблокирал, туку, како што посочи, се рабори за пари, за пусти функции, фотељи, тендери, да продолжи црното владеење.

– Јас сум против промена на уставното име не затоа што не ја сакам ЕУ, таму сум поминал дел од своето школување, туку затоа што ја сакам Македонија и нормално дека патот кон Европа е природниот пат за Македонија и дека тоа е целта кон која мора реално да се движиме, но со овој човек на власт ние сме се подалеку, секој ден и секој изминат час, порача Мицкоски.

Мицкоски вети дека тој и ВМРО-ДПМНЕ ќе сторат се за договорот да не се случи и неправдата да биде исправена.

Директорот на ФБИ: „ТикТок“ е проблем за националната безбедност на САД

Директорот на ФБИ, Кристофер Реј изјави дека социјалната апликација „ТикТок“ е проблем за националната безбедност на САД, пренесе БТА.

Реј ја објави оваа изјава додека американскиот Конгрес се подготвува да гласа за легислативата за забрана на апликацијата.

-Апликацијата и припаѓа на кинеската компанија ByteDance, која „има обврски кон кинеската влада“, рече Реј во ексклузивно интервју за Ен-би-си Њуз.

-Кога се разгледува моќта, пристапот, технолошките способности и контролата што ги има ТикТок, Американците треба да се запрашаат што мислат за моќта, пристапот, можностите и контролата што ги има компанијата што е сопственик на ТикТок, кинеската влада и, на крајот, кинеските разузнавачки служби, посочува директорот на ФБИ.

Претставничкиот дом на САД во саботата одобри голем пакет помош за Украина, Израел и Тајван. Во рамките на овој пакет е содржан и ултиматумот во врска со „ByteDance“. Се очекува пакетот помош брзо да биде одобрен од Сенатот.

Американските власти тврдат дека ТикТок и овозможува на кинеската влада да шпионира и манипулира 170 милиони корисници во Соединетите држави. /МИА

ДИК: Немаме пријавено поголеми неправилности

Прес-конференција на Државната изборна комисија.

Од Државната изборна комисија велат дека досега нема пријавено погоелеми неправилности околу гласањето за првиот круг од претседателските избори. На неколку гласачки места се појавиле мали технички проблеми кои се решаваат во од.

Наредната прес конференција на ДИК е закажана за 13 и 30 часот, кога повторно ќе информираат за текот на гласањето.

Македонија меѓу земјите со најмногу планински области во светот

Бутан, мала јужноазиска земја лоцирана во источните Хималаи, е најпланинската земја во светот, со планини кои покриваат 98,8% од нејзината вкупна површина.

Просечната надморска височина на Бутан е 3.280 метри надморска височина.

На листата следува Таџикистан со 91.9% покриеност со планини, потоа Киргистан со 90.7%, Лесото со 90.5%, Црна Гора со 89.3%, Ерменија со 85.9%.

Македонија е седма на оваа листа со 85.5% планински области, следува Швајцарија со 83.6%, Либан со 81.1% и Непал со 80.7% покриеност со планини.

притисни ентер