Пилот со неверојатни маневри спасуваше скијач на Алпите (фото)

Пилот со неверојатен маневар спаси скијач кој претрпел сериозна повреда на ногата на француските Алпи.

Со оглед на тоа што несреќата се случила на голема надморска височина, спасувањето можело да биде извршено само со хеликоптер.

Но, поради стрмниот терен, леталото не можеше да биде приземјено, па пилотот го приближи хеликоптерот толку многу, што изгледаше како да има удрено во планината.

На крајот, пред се благодарение на неверојатните маневарски способности на пилотот, скијачот беше спасен и веднаш беше пренесен во  болница.
 

Фото: Фиат Страда за американскиот пазар!!

Италијанската автомобилска компанија ФИАТ го претстави пикапот направен специјално за американскиот пазар.

Станува збор за моделот на ФИАТ Страда, пикапо кој со дизајнот потресува на малку поголемиот пикап, Торо.

Предниот дел на автомобилот е истакнат поради големиот натпис ФИАТ, а од страна има тенки светла со интегрирани ЛЕД дневни светла.

Засега нема фотографија од внатрешноста на пикапот.  

Страда го движи 1,4 литарски бензински мотор, ќе биде достапен и економичен 1,3 литарски мотор со петостепен  мануелен менувач.

Ваков модел најверојатно нема да биде присутен на пазарот во Европа.

Фото: Фатална русокоса за врските со фудбалер и филозоф

Атрактивната Алехандра Маглиети е поранешна девојка на поранешната фудбалска ѕвезда на Њукасл Јонас Гутиерез.

 Русокосата убавица со јавноста сподели интересни поединости од нивниот на моменти убав, но и на моменти ужасен однос.

Поранешната девојка на Аргентинскиот фудбалер открила детали од љубовниот живот со познатиот фудбалер.

Алехандра била замолени да ги спореди врските со фудбалерот со онаа со филозофот, поради тоа што имала момчиња од двете полиња.  

-Филозофот траеше пократко, но ние би го правеле тоа почесто,а врската со фудбалерот беше подолга, но ние тоа би го правеле помалку. Филозофот со мене би разговарал за Ниче. Секогаш би зборувал за него, одговорила Алехандра.

Инаку сексапилната русокоса и легендата на Њукасл ја завршиле љубовната романса во 2019 година, по пет години заеднички живот. Мелгалети остана со Гутиерез за време на неговата битка со карциномот на тестисите.

Роби Вилијамс по четврти пат стана татко!!

Британската музичка ѕвезда Роби Вилијамс и неговата сопруга Ајда Филд по четврти пат станале родители. 

Благодарејќи и на сурогат мајка тие го добија синот Бу Бенедикт . Познатата двојка ја изненади јавноста со оваа информација бидејќи никој не очекувал вакво нешто.

Роби и Ајда на Инстаграм објавија фотографија на која се гледаат голите нозе на нивниот син.

Покрај фотографијата Ајда напишала дека таа и Роби го добиле синот благодарејќи и на истата „неверојатна“ сурогат мајка која на свет ја донесе и нивната ќерка Коко.

Ајда и Роби кои се во брак од 2020 година не зборуваат многу за својот приватен живот.

притисни ентер