Шведскиот ракометен тим десеткуван од вирози и повреди

Швеѓаните немаат среќа пред почетокот на Светското првенство во ракомет , што ќе се одржи во Германија и во Данска.

Под знак прашање е учеството и на познатиот Ким Екдал ду Риц поради повреда , а дел од репрезентативците се во карантин поради вирозата во тимот. Екдал ду Риц има повреда на стопалото и болка , што ја потврди докторскиот тим на репрезентацијата.

Од тимот не сакаа да ја коментираат неговата провреда , а му забраниле да дава изјави и физиотерапевтот , како и самиот играч.

Вироза ги нападнала и Андреас Палик и Хампус Ване , кои се во карантин и не одат на тренинзи.

Единствена добра вест е враќањето на Јаспер Нилсен , кој ја излекувал повредата на препоните, иако не е сигурно дали ќе биде целосно подготвен за настап на Светското првенство што почнува утре.

притисни ентер