Тереза Меј со нов проблем – ако Парламентот го одбие договорот , за три дена ќе мора да смисли план Б за Брегзит

Британската премиерка Тереза Меј претрпе денеска уште еден удар во Парламентот, откако пратениците побараа Владата во рок од неколку дена да излезе со план Б , доколку не го прифатат нејзиниот договор за Брегзит.

На помалку од три месеци од рокот за излез на Британија од Европската Унија , британските парламентарци на почетокот на петдневната дебата излегоа со ново барање од Меј. Доколку во вторник пропадне гласањето за излез од ЕУ , тие побараа премиерката да подготви план Б.  

Со 308 наспрема 297 гласа , пратениците изгласаа обврска Владата да го претстави планот Б во рок од три дена , а не како што бараа претходно во рок од 21 ден.

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ ги кочи медиумските реформи

Пратениците од СДСМ прашуваат зошто Илија Димовски се уште не ја свикал седницата на комисијата за избори и именувања на која треба да се изберат членови на советот на АВМУ и програмскиот совет на МРТ.

Повеќе во видеото.

Градските власти најавија ослободување на „загушените дрвја“

Град Скопје ги ослободува заробените, исушени  дрвја во главниот град.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, и градоначалникот на општина центар Саша Богдановиќ денеска ја спроведоа акцијата и во Општина Центар.

Арсовски: Јанева практично призна дека СЈО го претворила во рекетарски бизнис

ВМРО-ДПМНЕ и денеска обвинува дека случајот рекет допира до највисоките ешалони на власта, од СДСМ пак повикаа опозицијата да го поддржи законот за јавното обвинителство.

Повеќе во видеото.

притисни ентер