Заев: Имавме инклузивен процес, треба да заврши со двотретинско гласање, граѓаните и светот очекуваат државничка одлука

Претседателот на Владата, Зоран Заев, се обрати на почетокот на седницата за усвојување, донесување и прогласување на уставните амандмани и на Уставниот закон, којашто почна со Утврдување на предлог амандманите 33, 34, 35, 36 на Уставот.

„Имавме инклузивен процес“ оцени премиерот Заев кој се заблагодари на пратениците од сите партии и пратенички групи, од владејачката коалиција, од Беса и од Алијанса на Албанците, на 8-темина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и на пратеникот Панчо Минов, кои, како што рече, дадоа придонес, се вградија во амандманите и во процесот и „го потврдија и верифицираа македонскиот идентитет“, за разлика од други кои тоа не го направија. Премиерот Заев се заблагодари на Алијанса на Албанците и на Беса за нивниот придонес во изградбата едно општество за сите и изрази очекување дека конечните одлуки на Беса ќе останат позитивни.

„Граѓаните ќе ви бидат благодарни“, порача при тоа премиерот Заев.

Тој посочи на заедничката одговорност „да ги поведеме нашите граѓани кон безбедна, стабилна, економски силна, заедничка држава“.

„Како на избрани членови на овој Парламент, директни претставници на граѓаните, но посебно како на одговорни граѓани и личности, ве повикувам да бидеме дел од оние кои ќе ја однесат нашата земја во заедничка подобра иднина. Да бидеме оние кои пишуваат историја и кои нè извлекуваат од минатото. Да бидеме дел од оние кои ќе бидат запаметени во македонската историја, како народни избраници кои ја докажаа својата храброст и одговорност и ја однесоа македонската држава во европското семејство.

Другиот избор е да бидеме запаметени како оние кои ја оставиле татковината во изолација и заборав, оние кои не ја препознале уникатната и единствена шанса за нашата земја. Другиот избор е да ги ставиме партиските и личните интереси на некои политички актери над интересите на нашиот народ и на нашите деца и свесно да ја попречиме иднината на нашата земја и да ја затвориме вратата за ЕУ и НАТО, сигурно со децении“.

Премиерот Заев посочи дека пратениците во Парламентот се дел од историски момент, што повикува на обединување, кое што е потребно како никогаш досега:

„Вашата позитивна одлука овде во Собранието ќе `не однесе под знамето на нашата држава кога ќе се крене на јарболот пред седиштето на НАТО во Брисел. Да ги кренеме главите, да се издигнеме над нашите делби и поделби за да гледаме како гордо се вее нашето знаме, таму пред НАТО во Брисел“.

Претседателот на Владата, Заев укажа на очекувањата и од светот:

„Светот гледа и очекува дека вие, како претставници на гордите граѓани на нашата земја, ќе покажете државничка одговорност.Вашиот глас е глас за полноправно членство на нашата земја во НАТО за помалку од една година. Вашиот глас ЗА, `не става во европското семејство на нации во Европската Унија. Секој глас против е глас за изолација, несигурност и сиромаштија, за нови политички кризи и поголема неизвесност дури и од оние кризи од нашето минато“.

Премиерот Заев во обраќањето рече дека потпишаниот документ на 17. јуни минатата година, во Преспа, со нашите пријатели и соседи, „за крај на спор кој цели три децении беше трауматично прашање, носеше сериозни последици и го попречуваше напредокот на нашата земја, а потписите на тој договор се почеток на крајот на неизвесноста којашто се закануваше да биде недогледна, ако не се охрабревме и ако не постигневме решение“.

Премиерот Заев додаде дека се работи за достоинствено и прифатливо решение подеднакво за двете страни:

„Имаме кристална и недвосмислена потврда за македонскиот идентитет. Македонци, Македонец, Македонка, македонско, како дома, така и во странство, преведено без ограничувања на сите јазици во светот, македонски идентитет за севкупна употреба, конечно. Грција повеќе не го оспорува нашето право за себе определување. Македонскиот јазик ќе се користи слободно секаде, во Обединетите Нации, во НАТО, ЕУ, во сите официјални институции, активности и настани. Имаме договор со јасни обележја на нашата македонска посебност. Имаме договор за јазик и идентитет кои се македонски, од нашата држава којашто ќе носи име признаено од целиот свет, Република Северна Македонија“.

Тој додаде дека „никому ништо не сме му подариле, ниту некој ни одзеде нешто кога се договоривме за географска одредница“.

Претседателот на Владата, Заев потсети на поддршката од целиот демократски свет, затоа што „овој договор е чекорот што`не извлекува од минатото и ни ги отвора портите на европско-македонската иднина“.

„Процесот на уставните измени со предложените амандмани треба да заврши со Одлука за измена на Уставот, што ќе ја донесе Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Тој свечен чин ќе биде кулминација на сите наши напори, израз на нашата посветеност, да најдеме решение кое е во интерес на иднината и на граѓаните на нашите две земји“.

Тој потсети на важноста на одлуката што ќе ја донесат пратениците во Собранието.

„Вашата одлука на крајот на оваа седница `не ставаат поблиску до чинот кога ќе го потпишеме Протоколот за пристапување во НАТО. Ние ќе бидеме 30 членка во НАТО. Нашиот пријател Грција, ќе биде првата земја којашто ќе го побара тоа“ рече премиерот Заев кој додаде и дека исходот од оваа седница ја прави огромна извесноста дека во јуни оваа година, на датумот којшто е утврден за старт на преговорите со Европската Унија - ќе ги отвориме првите поглавја“.

Претседателот на Владата, Заев рече дека „после решавањето на спорот со Грција, нашата земја веќе нема да има ниту едно отворено прашање со ниту еден сосед“, дека шириме таков дух, такво пријателство, со сите соседи, дека на нашата земја се гледа како на пример за решавање спорови, што нашите пријатели го препознаваат и ни оддаваат признание во меѓународните односи, како земја со став, земја учесник, а не само набљудувач и како земја партнер на сојузите со коишто делиме исти вредности, НАТО и на ЕУ.

„Патриотизам е кога им го градиш патот на идните генерации, правејќи држава признаена од сите, на којашто граѓаните се горди“ порача во обраќањето во Парламентот вечерва, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

Лазар Ристовски (71) ужива на Малдивите со 39 години помладата девојка (ФОТО)

Српскиот актер Лазар Ристовски (71) и неговата 39 години помлада партнерка Аница Лазиќ уживаат на Малдиви.

Аница на Инстаграм објави нивна заедничка фотографија.

„Кога води, не прашувам каде“, напишала 32-годишната актерка во описот на фотографијата на која двојката позира во море.

За потсетување, парот ја потврди врската кон крајот на 2023 година. "Точно е, уживаме во нашата љубов. Не би коментирал ништо повеќе, разберете. Се запознавме по разводот, тоа нема никаква врска со мојот поранешен брак и развод", изјавил тогаш актерот за српските медиуми. Двојката глумеше заедно во филмот Dream Team и во серијата Попадија.

Пред врската со Аница, Лазар беше 42 години во брак со сопругата Даница.

Сериозна е состојбата со морбили во Италија- загрижува состојбата во Џенова

Според професорот Матео Басети, доктор и раководител за заразни болести во поликлиниката Сан Мартино во Џенова, бројот на случаи на сипаници кај возрасните исто така прогресивно се зголемува, како што е случајот со децата.

„Во Џенова за 7 дена се појавија 5 случаи кај невакцинирани лица, а сипаниците може да имаат сериозни компликации. Можеме да очекуваме епидемија во наредните месеци“, вели професорот Басети.

Пациентите се на возраст од 15 до 40 години.

„Тоа се луѓе кои не биле вакцинирани или кои не биле заразени како деца. Целната возраст нè наведува да мислиме дека тоа се сите граѓани кои не живееле ниту еден момент во седумдесетите години на минатиот век, сипаниците биле ендемични. Родителите решиле да не да ги вакцинираат и денес би можеле да се соочат со нова епидемија. Наместо тоа, важно е да се вратиме на разговор со населението за важноста на оваа вакцина за да се избегнат компликациите што сипаниците можат да предизвикаат во староста“, објасни професорот.

На прашањето дали Италија треба да се грижи за овие бројки, професорот рече дека засега нема потреба да се вознемирува, но дека е важно да се знае дека во иднина ќе биде тешко да се ограничи појавата на сипаници доколку нешто не се направи.

„Ние лекарите доживеавме раст во периодот од 2008 до 2009 година и во тоа време имаше 114 заболени од морбили, од кои некои поминаа со тешки компликации. 26% од овие пациенти беа тешки случаи, што е загрижувачка бројка бидејќи по 15 години повторно бележиме зголемување на случаите.Досега во Џенова сме имале 5,од кои 3 се лекувале во Сан Мартин.Ова не е пријатна болест во староста.Засега не треба да се вознемируваме, но важно е да се знае дека тоа би било тешко е да се ограничи појавата на сипаници и доволно е да се грижиме“, додаде тој.

Пред сè, пневмонија, која кај возрасните може да доведе до енцефалитис и менингитис, многу сериозни системски компликации кои вклучуваат неколку внатрешни органи.

„Тоа е сè освен тивка болест во зрелата возраст. Најсериозните компликации кај децата се многу ретки, кај возрасните е токму спротивното и болеста може да доведе до епизода на фебрилни конвулзии, па дури и до ниски тромбоцити“, заклучи докторот и апелираше до сите граѓани да се вакцинираат.

Ѓоковиќ раскажа зошто се разделил од Иванишевиќ

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ им се обрати на медиумите по проекцијата на филмот „Легенда“, посветен на тенисерот Никола Пилиќ.

Освен за филмот, Новак зборуваше и за разделбата со Горан Иванишевиќ.

- Горан пред сѐ е пријател за цел живот. Мој и на моето семејство. Некој кој ми е исклучително драг. Само затоа што ја прекинавме соработката, не значи дека ќе престанеме да бидеме пријатели. Стигна до точка на заситеност, почувствувавме дека е време да се разделиме по речиси шест години соработка каде ги испишувавме страниците од историјата на нашиот спорт. Поминавме низ сито и решето. Многу моменти кои не ни беа пријатни. И покрај сѐ, тој беше тука за мене. Најмногу ќе го паметам човечкиот однос кон мене. И поради тој однос, резултатот дојде како последица на сето тоа. Му посакувам сѐ најдобро. Сè уште немам јасна претстава кој би можел да го замени и дали тоа воопшто ќе има некој. Отсекогаш сум имал тренери со мене, тие се обидуваат да ме натераат да чувствувам што сакам и што ми треба.“, рече Ѓоковиќ, пренесе Телеграф.

притисни ентер