Рекордна сума за победникот на Светското ракометно првенство

За тимот и за играчите кои ќе го освојат златниот медал на Светското ракометно првенство , Германскиот ракометен сојуз подготви рекордна парична сума.

Прв пат по 2007 , Германија е домаќин на Светското ракометно првенство , а токму тогаш за последен пат го освоија и златниот медал. Германскиот ракометен сојуз подготви 450 000 евра награда за тимот , кој ќе го освои првото место , што е најголем бонус до сега.

,,Тоа е за целата екипа. Исто така , секој играч има дневен надоменст за времето минато на Светското првенство.” , соопштија од Сојузот.

Секој играч , според грубите проценки би добил по 28 000 евра.

Колку за споредба на минатото Светско  првенство , играчите добија по 15 000 евра.

притисни ентер