Ракометарите пристигнаа во Минхен

18 ракометари од македонската репрезентација под водство на селекторот Раул Гонзалес рано утрово заминаа за Минхен на Светскиот ракометен шампионат  чии домаќини се Германија и Данска.

За нашата најдобра ракометна селекција ова е четвртото учество на Светските шампионати.

Пред заминувањето за Германија селекторот Гонзалес  ја направи последната промена во тимот, поради повредата капитенот на Металург Димитар Димитриоски  остана во Скопје а во Минхен отпатува неговиот соиграч кружниот напаѓач Милан Лазаревски.

 Нашиот национален тим настапите на ракометниот мундијал ги започнува на 11 јануари во петок во 15 часот и 30 со дуелот против Јапонија. потоа не очекуваат и натпреварите со Бахреин, Хрватска, Шпанија и Исланд. Само трите првопласирани репрезентации  од групата ќе обезбедат место во главната рунда.  

Националниот тим пристигна во Минхен , кој во следните девет дена ќе биде базата на нашите најдобри ракометари на првиот дел од светското првенство.

Во Минхен  ќе биде присутна и македонската навивачка фаланга, според најавите околу 1000 Македонци веќе набавиле билети за дуелите на црвено жолтите во групната фаза.

притисни ентер