Почнува расправата во британскиот парламент за Брегзит

Британските пратеници на 15 јануари  ќе гласаат за договорот на премиерката Тереза Меј и ЕУ за Брегзит, соопшти  опозициската Лабуристичка партија, повикувајќи се на предвидениот план за расправа.

Петдневната расправа за договорот ќе почне утре, а се очекува дека ќе заврши со повеќе гласови , пресудни за  премиерката која би добила  одобрување од Парламентот за да продолжи со  планот за Брегзит.

Меј  изјави дека доколку парламентот не го прифати договорот за Брегзит, Британија ќе се најде на непозната територија.

Таа ги демантираше наводите дека по вторпат ќе го одложи гласањето за договорот за излез од Европската унија.

Британија би требало формално да ја напушти ЕУ во март годинава.

Чавушоглу во Скопје на средби со Заев, Димитров и Османи

Шефот на дипломатијата на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, по покана од министерот за надворешни работи Никола Димитров, престојува во официјална посета на Македонија.

Севкупните билатерални односи помеѓу двете традиционално пријателски земји и можностите за зајакнување на соработката во сите области од заемен интерес, се темите за кои ќе разговараат на денешната средба министрите Димитров и Чавушоглу, најавија од МНР.

За време на посетата, во просториите на Министерството за надворешни работи на Македонија, Димитров и Чавушоглу официјално ќе ја пуштат во употреба техничката опрема за дигитализација на дипломатскиот архив на Министерството. Проектот е поддржан од Министерството за надворешни работи на Република Турција, а финансиран од турската агенција за соработка и развој – ТИКА.

Се предвидува министерот Чавушоглу да се сретне и со претседателот на Владата на Македонија, Зоран Заев, и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи. /МИА

30 дневен притвор за Боки 13

Барањето на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е остварено, на Бојан Јовановски- Боки 13 му е одреден 30 дневен притвор од страна на Кривичниот суд. Повеќе информации во текот на утрешниот ден.

Одземен и е мобилниот телефон на Катица Јанева

Oобвинителството за организиран криминал вечерва во рамките на претресите за случајот со рекетот од 1,5 милиони евра, било и во домот на Катица Јанева, специјалната јавна обвинителка што денеска си поднесе оставка

Повеќе информации во видеото.

притисни ентер