Милионски град има 99% електрични такси возила

Еден од најголемите кинески градови , Шенжен , стигна до 99 % покриеност на такси службата со електрични возила.

Градот во јужниот дел на Кина објави дека од 21 689 такси возила во градот, речиси сите на електричен погон. Минатата година во градто возеле само 7 500 такси возила на бензин , но годинава тој број е намален на само неколку. Овој милионски град со 12,5 милиони жители е втор по ред во светот , а најголем , каде е остварен ваков напредок.

Така , градот Таиџуан на северот на Кина , кој брои 4,3 милиони жители уште во 2016 имаше исклучиво такси возила на електричен погон.

Се смета дека над 20 000 такси возила на електричен погон ќе ја намалат емисијата на јаглеродни соедниненија за 850 000 тони годишно.

Во градот има и околу 20 000 пунктови за бесплатно полнење на такси возилата.

Подарокот за Путин е подготвен!!

 Кученце од раста „Шарпланинец “  претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе му подари на неговиот висок и ценет гостин претседателот на Руската федерација Владимир Путин.

Станува збор за мало „шарпланинче“ наречено Паша. Според медиумите се работи за подарок кој носи посебна порака, поради тоа што станува збор за раса која има многу одлики. Но, најсилната е дека Шарпланинецот е одбранбено куче кое не се плаши од ништо.

Спасен пациент со мозочен удар со новата комбинирана метода на тромболиза и тромбектомија

Пациентот се чувствува добро. Најважно е дека навреме се спасени сите витални функции кај него, непречено ги движи и нозете и рацете.

 На пациент кој имал мозочен удар поради запушување на магистрален крвен сад во мозокот, завчера тим  лекари невролози, анестезиолози и радиолози, му го спасија животот со помош на новата комбинирана метода на тромболиза и тромбектомија, која веќе станува практика во Република Македонија. Оваа метода се применува во сите сите современи клиники во Европа и Америка, соопшти Министерството за здравство.

Станува збор за зафат со кој, во исто време со помош на тромболиза, која го омекнува тромбот заглавен во крвниот сад и тромбектомија или механичко  отстранување на тромбот, и тоа во најкус можен рок, на пациентот му е спасен животот, но и моторнитe функции на екстремитетите, кои често како последица од мозочен удар остануваат во состојба на одземеност, посочуваат од Министерството.

Пациентот на кој му е извршен успешниот зафат го посети министерот за здравство Венко Филипче.

– Пациентот се чувствува добро. Најважно е дека навреме се спасени сите витални функции кај него, непречено ги движи и нозете и рацете. Без примената на оваа нова метода пациент со ваков мозочен удар или ќе починеше или ќе останеше со трајни инвалидни последици. Голем успех за тимот лекари кои беа вклучени во овој, за нас иновативен пристап, но кој покажува многу добри резултати при состојби на акутен мозочен удар. Им честитам на колегите, а на пациентот му посакувам побргу да закрепне и си оди дома кај семејството, изјави Филипче.

Зафатот, како што се наведува, го извел тим од лекари и медицински сестри и тоа д-р Анита Арсовска и д-р Бојан Бошковски од Клиниката за неврологија, д-р Петар Јаневски, д-р Менка Лазарова и д-р Дејан Даскалов од Клиниката за радиологија и анестезиологот д-р Азби Агуши од КАРИЛ. 

Досега невидено: Хрватски пензионер го забавил броилото за гас, “заштедил“ 4.000 евра

Хрватски пензионер од градот Копривница, со помош на магнет го забавил гасомерот во својот двор и само за една година “заштедил“ 4000 евра.

Меѓутоа, полицијата и претпријатието за плин во Копривница ја откриле измамата, па го привеле седумдесетгодишниот пензинер, против кој ќе биде покренато обвинение.

Тој се сомничи дека од 1 јануари до 31 декември 2018 година го оштетил ова јавно претпријатие за околу 30.000 куни, наведува порталот „Podravski.hr”.

Како што наведува овој портал, станува збор за досега невидена метода за крадење на гас на подрачјето на Копривница.

Седумдесетгодишниот пензионер ставил голем магнет на бројачот за гас.

Тој значително ја забавил работата на мерниот уред и не ја покажувал вистинската потрошувачка на гас.

притисни ентер