Вејн Руни повторно пијан дивеше по аеродром- сопругата бесна

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Веј Руни е притворен од полицијата во Вашингтон , откако на аеродромот бил уапсен поради нарушување на јавниот ред и недолично однесување.

Руни ја платил кауцијата од 25 долари , по што бил пуштен од притвор на 4 јануари.

,, Вејн Руни е уапсен и задржан на аеродромот по долгиот лет од Саудиска Арабија , каде бил на деловен пат. Во текот на денот ги земал препишаните лекови за смирување и ги измешал со алкохол , поради што бил дезориентиран по пристигнувањето. Полицијата го привела поради нарушување на јавниот ред. Вејн изразува благодарност поради начинот на кој го третирале. “ , се наведува во писменото соопштение од неговиот портпарол.

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед игра за екипата на Д.Ц. Јунајтед , каде има потпишано договор на три и пол години. Руни веќе 13 месеци ен вози , поради казна за возење во пијана состојба , а одработи и 100 часа корисна работа во Британија. Плати и казна од 170 фунти , а мораше да оди во 2017 и на рефабилитација за пијани возачи.

Неговата сопруга Колин овој пат не сакаше да премине преку тоа без јавно да се испокара со Вејн.

Според британските медиуми , кога и се јавил да и каже дека е уапсен на аеродромот во Вашинготн , викала на цел глас на телефон дека нема нема да излезе од дома без нејзин надзор. Го нарекла идиот , кој не знае да направи ништо паметно.

Арсовска избрана во Совет на Европа на Конгресот на локални власти за портпарол и координатор

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денес во Совет на Европа на Конгресот на локални власти едногласно е избрана за портпарол и координатор за следење и спречување на корупција на локално и регионално ниво.

Арсовска минатата година беше избрана за потпретседател на Европската народна партија за локални власти, а годинава со нов мандат за портпарол и координатор за следење и спречување на корупција на локално и регионално ниво ќе ги води и следи процесите на почитување на Европскиот кодекс на однесување за сите лица вклучени во локалното и регионалното управување.

Нејзини надлежности меѓу другите се да го координира и подобри влијанието на работата на Конгресот за спречување на корупцијата во локалните власти, да известува за утврдени случаи на корупција на локални и регионални власти и да ја промовира стратегијата на Конгресот за спречување на корупцијата и унапредување на јавната етика на локално и регионално ниво.

Арсовска ќе го претставува Конгресот на сите значајни настани организирани од Советот на Европа и меѓувладиниот сектор за прашања на јавната етика и справување со корупцијата, организира и координира активности со Групата држави против корупција (ГРЕКО), со цел идентификување и размена на добри практики, решенија за предизвиците и начини за промовирање на јавната етика и спречување на корупцијата.

Кремљ: Во тек се контакти за можна размена на американскиот новинар Гершкович

Кремљ денеска соопшти дека во тек се „контакти“ околу можна размена на американскиот новинар Еван Гершкович, обвинет и затворен речиси една година во Русија поради шпионажа.

„Неколку пати нагласивме дека некои контакти се во тек, но тие треба да се водат со целосно молчење“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Прекинот на молчењето само ќе создаде дополнителни проблеми и ќе спречи постигнување на каков било резултат во процесот“, додаде Песков, без дополнителни детали.

Новинарот на „Волстрит џорнал“, Еван Гершкович (32), кој исто така работел за Франс прес во Москва меѓу 2020 и 2021 година, е уапсен од ФСБ во март 2023 година додека известувал во Екатеринбург, Урал.

Тој ги негира обвиненијата за шпионажа со кои се соочува и може да се соочи со затворска казна до 20 години. Обвиненијата ги отфрлаат и САД, неговиот весник и неговите роднини. Русија никогаш не ги објавила елементите на доказите и целиот процес е класифициран како таен.

Вашингтон ја обвинува Москва дека го земала како заложник за да го размени за Руси во затворите во западните земји, како што беше направено со неколку американски граѓани во последните години во Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека е подготвен да го размени Гершкович за Вадим Красиков, кој отслужува доживотна затворска казна во Германија за убиство на чеченски опозиционер во Берлин во 2019 година.

Рускиот суд оваа недела му го продолжи притворот на Гершкович до 30 јуни.

Песков денеска изјави дека нема информации за можниот датум за почеток на судењето на американскиот новинар.

Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април

Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата.

Вработените во здравството нема да добијат усогласување на платите со порастот на минималната плата поради непотпишувањето на анексот на колективниот договор. Поради тоа на 8 април најавуваат протест што ќе почне од пред зградата на Сојузот на синдикати на Македонија, а ќе заврши пред Министерството за здравство.

- Протестот ќе биде токму во насока на изразување незадоволство од непотпишувањето на анексот на колективниот договор којшто веќе беше завршена работа, но поради политичките игри остана непотпишан и со тоа повеќе од 20 илјади работници во здравството остануваат без усогласувањето на нивните плати со порастот на минималната плата, соопшти денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

Според информациите на ССМ, освен вработените во здравството, усогласување на платите ќе нема и во образованието и во Министерството за внатрешни работи.

притисни ентер