Најнов хит – воздушни перничиња за заштита на велосипедисти (ВИДЕО)

На Саемот за технологија во Лас Вегас беше тестиран новиот изум – воздушни перничиња за велосипедисти.

Заштитните перничиња имаат посебен паметен алгоритам , што ги следи движењата на велосипедистот и може да реагира на инцидент за помалку од една секунда.

Веднаш се активираат коморите на елекот , полни со јаглероден диоксид , со што се обезбедува заштита на вратот и на градниот кош, како и на грбот.

Елекот може да се употреби повеќе пати и е потребно само да се заменат патроните со јаглерод диоксид.

Видео: Китови во Јадран!?

Во близина на брегот на Јадранското море во Хрватска забележани биле две големи суштества, два кита.

Залутаните китови предизвикале страв меѓу туристите во Корчула. Китовите пливале на околу 150 метри оддалеченост од брегот во близина на стариот град во Корчула.

Огромните цицачи кратко пливале крај брегот и потоа го продолжиле својот пат кон отвореното море.

Појавата на китови во близина на брегот предизвикала страв меѓу туристите.

-Некои коментирале дека веќе нема да влезат во морето и да пливаат.

Покрај во Корчула китовите биле видени и од месното население и туристите во Ново Винодолско.

Италијанец погоди „шестка“ и доби 60 милиони евра

Среќен Италијанец е побогат за фантастични 60 милиони евра.

Анонимен Италијанец играл „ SuperEnalotto" и погодил „шестка“ за добивка од 60 милиони евра.

Добитните броеви биле 16, 24, 29, 53, 73 и 88, „ Jolly" бројот бил 62, а суперстар“ бројот бил 50 .

Среќниот добитник неверојатната награда од 60 милиони евра ја добил со вложени само три евра.

Видео: Тој не е Рамбо, тоа е капитенот на Реал, Рамос

Легендарниот капитен на шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид, Серхио Рамос во март го прослави 34 роденден, но неговото тело не покажува никакви знаци на слабост. Рамос е вистински ѕвер.

Тајната на неговата одлична форма во овие години се скрие во долготрајните и разновидни напорни тренинзи.

Рамос како филмскиот херој Рамбо покажа како изгледа еден од неговите тренинзи.

Капитенот на кралевите дефинитивно многу работи на себе, и минува многу време во теретана.

притисни ентер