МТСП: Инвестираме во јакнење на вештините на воспитувачкиот кадар за работа со деца во градинките

Првата обука на избраните 30 воспитувачи за јакнење на компетенциите на кадарот во градинките започна денеска, како дел од заедничката соработка со УНИЦЕФ.

,,Со ова и во 2019 година продолжуваме да работиме на унапредување на квалитетот на сервисите и зајакнување на професионалните компетенции на вработените во установите за деца. Во рамките на овие активности оваа година ќе се организираат низа работилници за унапредување на социо-емоционалните компетенции на воспитувачите/чките за поттикнување на социо-емоционалниот развој кај малите деца. Сè поголем број научни истражувања истакнуваат дека емоционалниот развој на почетокот на животот е од клучно значење за развојот на целокупната мозочна архитектура и има огромно влијание во текот на целиот живот, се вели во денешното соопштение од Министерството за труд и социјална политика.

Обуката ја спроведува проф. д-р Ребека Гренџер-Елис, постдокторска истражувачка и соработничка на универзитетите „Џон Хопкинс" и „Њу Ореланс" во САД. Гренџер-Елис е експертка за социо-емоционален развој и има над 12 години искуство во развој на програми базирани на истражување, специјализирани за деца во предучилишно и основно образование, вклучувајќи и надарени и деца со потешкотии.

Учесниците коишто ќе ја поминат обуката имаат обврска стекнатите вештини и знаења да ги пренесат на своите колеги и да дадат континуирана поддршка на вработените во установите за деца во рамките на Програмата за колегијална поддршка што ќе се спроведува во 2019 и 2020 година.

Владимир Панчевски денеска сам се пријавил во затворот во Шутка

Екс претседателот на Кривичниот суд Владимир Панчевски денеска самиот се пријавил во затворот во шутка, откако по него вчера од страна на МВР беше распишана национална потерница, по наредба на Основниот суд во Велес.

Претходно во три наврати полицијата не успеа да го пронајде Панчевски на посочената адреса по наредбата за негово приведување. Потерницата беше објавена на сајтот на Министерството за внатрешни работи

Основниот суд Велес, на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Панчевски му одреди 30 дена притвор поради како што посочија отсуство на рочиштето за судскиот предмет „Акмис", во кој е обвинет.

Поплави во Индонезија, стотици раселени, има загинати и исчезнати

Најмалку 16 лица загинале, а неколку стотици се раселени од своите домови заради лизгање на земјиштето и поплавите кои го погодија островот Сулавеси во Индонезија.

Спасувачите се уште трагаат по 23 исчезнати после поплавите кои ја погодија областа Северен Лубу, во Јужен Сулавеси.

На снимките од терен се гледаат оштетени куќи преплавени со густа кал, додека пистата на локалниот аеродром е исто така прекриена со кал и остатоци од отпад, пренесе „АП“.

Во изминатите неколку денови, заради обилните дождови се прелеале три околни реки, предизвикувајќи евакуација на преку 650 луѓе, наведуваат локалните власти.

Амбасадорката Брнз на Твитер: Задоволна сум што граѓаните учествуваат во демократски процес

Амбасадорката на САД во Македонија Кејт Брнз се огласи на Твитер за избориуте во земјава. 

-Задоволна сум што ги гледам граѓаните на оваа земја како учествуваат во демократски процес. Тим од амбасадата на САД му се придружува на ОБСЕ, граѓанското општество и меѓународните набљудувачи за набљудување на изборите, и ќе бидат таму заедно со нив, напиша на Твитер, американската амбасадорка во Македонија, Кејт Брнз.

притисни ентер