Берово меѓу најпосетените градови за празниците

 Берово во изминатите десетина дена беше едно од најпосетените места во Македонија.

Причина за ова како што наведуваат туристичките работници се Новогодишните и Божикните празници кои придонесоа во најголем дел да бидат резервирани сите поголемите туристички капацитети во градот. Меѓу најбројните гости, според угостителите, се туристите од Бугарија, но и гостите од Скопје.

-Имаше голема посетеност во Берово, посебно во туристичката населба Беровско Езеро. Задоволни сме бидејки туристи кои минатата година овде поминале убави моменти, не рекламираа кај други туристи со што ја ширеа приказната за нашата гостопримливост. Тоа ни годи и е за нас е приоритет. Годинава имавме туристи од Скопје, Штип, Кавадарци и Струмица, а секако меѓу најбројните беа гостите од Република Бугарија, вели Владо Стоиловски, сопственик на приватен туристички комплекс во туристичката населба Беровско Езеро.

Во оваа населба има околу 70 туристички објекти кои годинава успеаја да ги задоволат потребите на гостите кои покрај чистиот воздух, најмногу го посетуваат Берово и поради добрата храна.

-Ни се допаѓа овде, воздухот е чист, гратчето прекрасно. Еве сега има и снег што ја надополнува целата приказна. Овде исто така има многу објекти кои нудат добра храна поради што и најчесто сме тука, речиси 3-4 пати во годината доаѓаме само поради преубавото јадење, вели гостинка од Благоевград.

Развојот на туризмот во Малешевијата годинава се зајакнува со уште еден важен проект кој оди во прилог на убавата слика за туристичко Берово. Во 2019 година е најавено интензивирање на работите за конечно започнување со работа на граничниот премин „Клепало", кој уште повеќе ќе ги зближи граѓаните од двете страни на границата. Се очекува тоа на Берово да му донесе повеќе гости од Бугарија, но и значително да влијае за уште поголем развој на туризмот во Берово.

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

притисни ентер