Новинарите избраа, Модриќ најдобар светски спортист за 2018 година

Добитникот на Златната топка за најдобар светски фудбалер, Лука Модриќ и избран за најдобар спортист на светот во 2018 година во изборот на Меѓународното здружение на спортски новинари.

Во анкетата на Меѓународното здружение на спортски новинари (АИПС) учествувале 359 од 87 држави, хрватскиот капитен Лука Модриќ победил со 419 бодови пред најдобриот светски тенисер Србинот Новак Ѓоковиќ кој во изборот добил 337 бодови.

На третата позиција со 290 бодови е легендата на светскиот тенис Роџер Федерер.

Најдобра спортистка на светот во 2018 година е американската гимнастичарка Симон Бајлс, која на Светскиот шампионат во Доха освои шест медали од кои четири златни.

Маестралната Бајлс добила 427 бодови, на второто место го освоила Естер Ледецка од Чешка со  335 бодови , а трета во изборот е тенисерката од Романија Симона Халеп.

За најдобра екипа на планетата во 2018 е избрана фудбалската селекција на Франција, која во Русија ја освои Светската круна.

Барселона тргнува во офанзива по Лука Јовиќ!

Европскиот фудбалски гигант Барселона се подготвува за завршен „напад “ по ангажман на  српскиот фудбалер Лука Јовиќ, пренесува „Мундо Депортиво“.

Според шпанскиот медиуми Абидал и Планес веќе заминале за Лисабон за вечерва во живо да го гледаат српскиот репрезентативец во дуелот меѓу Португалија и Србија.

Младиот Јовиќ инаку е фудбалер на Бенфика, кој е на позајмица во Ајнтрахт Франкфурт.

Шпанските медиуми  пренесуваат дека Барселона во следниот период целосно ќе се фокусира на трансферите на Лука Јовиќ и Матијас де Лихт , поради што високи претставници на каталонскиот гигант  вечерва ќе бидат во Лисабон односно Амстердам.

Младиот српски напаѓач е проценет на околу 60 милиони евра. Покрај Барселона сериозен интерес за ангажман на Јовиќ покажаа и Барен Минхен, ПСЖ , Манчестер Сити и уште неколку европски клубови.

Македонија непоразена на гостувањето кај Словенија

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија го освои и четвртиот бод во квалификациите за пласман на Европскиот шампионат во 2020.

Црвено жолтите на гостувањето во Љубљана на стадионот „Стожице“ одиграа реми од 1-1 против домашната Словенија во 2 коло од Групата Г во евроквалификациите.

Македонските фудбалери во сите 90 минути од мечот беа рамноправен ривал на солидната Словенија и на крајот заслужено стигнаа до посекуваното реми.

По израмнетата игра во првиот половина час од средбата Словенците неочекувано во 34 минута преку Миха Зајц поведоа со 1-0.

Но, радоста и водството на домаќините траеше само 13 минути.

На стартот на вториот дел нашиот национален тим преку Барди израмни на 1-1 , што подоцна се покажа и како конечниот резултат на дуелот во Љубљана.

Избраниците на селекторот Ангеловски одиграа уште еден одличен натпревар во кои можеме жалиме за неколку пропуштени шанси на Пандев, Барди, Несторовски и  Елмас.

По дуелот на Стожице селекторот Игор Ангеловски истакна дека е задоволен од играта и освоените 4 бода по првите две квалификациски средби.

„Пред првите две средби од квалификациите, истакнав дека ќе бидам задоволен со се што е над три освоени бода. Но, сега, по ремито во Љубљана и после една ваква квалитетна игра, морам да кажам дека жалиме за останатите два бода. Доколку имавме подобра реализација, сигурно ќе славевме на овој меч“порача Ангеловски.  

Три години градба на стадионот на Тотенхем собрани во две минути (ВИДЕО)

Изградбата на големиот стадион на фудбалскиот клуб Тотенхем почна во 2016 и чини милијарда фунти.

За да го прослават завршетокот на градбата на стадионот White Hart Lane, Спурси објавија забрзано видео од поставувањето на темелите до денеска. На снимката се гледа уривањето на стариот стадион и целиот процес на изградба на новиот. Во исто време на градбата работеа и по 1 000 работници по 24 часа на ден.

Отворањето на стадионот е закажано за во недела о тоа прво ќе го испроба подмладокот во натпревар со Саутемтон , а следната сабота ќе се одигра натпреварот на Спурси со Интер од Милано. Стадионот има капацитет од 62 000 гледачи.

притисни ентер