Вечер се палат бадниковите огнови

„Бадник“ или на старословенски – да бидеш буден. Многу истражувачи сметаат дека името на овој ден доаѓа од бдеење и будност покрај обредниот оган.

 Овој ден го наговестува и Христовото раѓање. Со палењето на бадниковиот оган се верува дека се осветлува патот.

Етнологот Сузана Марковска за Канал 5  ја ракажува традицијата - приказната за Марија, мајката на Исус како и неговото раѓање.

Утре рано наутро, коледарите се први кои тропнуваат на вратите од домовите со што ја ширеле веста за Исусовото раѓање. Традиционално домашните им ги полнат торбите со најразлични јадења. И овој ден има голема традиција.

Вечерта пак се меси и традиционалната погача со паричка. Се верува дека на оној кој ќе му се падне, ќе го следи среќа преку целата година.

Вечерва - со собирање околу коледарскиот оган, верниците го започннуваат празнувањето на Бадник и големиот празник Рождество Христово - Божиќ. Се верува дека огнот го осветлува патот и наговестува Исусовото раѓање.

И покрај тоа што во минатото општините донираа дрва, сега, веќе втора година по ред од град Скопје апелираат до граѓаните да не палат огнови, бидејќи со тоа само ќе придонесат за уште поголемо загадување во воздухот.

Од министерството за животна средина апелираат до сите општини во земјава да не донираат дрва за бадниковите огнови.

Овчарите не сакаат субвенции, туку соодветна цена за јагнето

Не ни требаат субвенции, туку соодветна откупна цена за јагнето, велат одгледувачите на овци кои денеска во Министерството за земјоделство трет пат ќе се обидат да најдат решение за критичната, како што велат, состојбата во која се наоѓаат.

Како што изјави за МИА претседателот на здружението „Шарпланинец" и претседател на регионалното здружение на овчари за Западна Македонија, Меџити Амити, цената на јагнето моментно е 120 денари килограм жива мера, а според производните трошоци треба да биде минимум 165 – 170 денари.

-Сите не лажат. Крајно време е веќе да се преземат сериозни мерки за поддршка на овчарството. Ако не добиеме соодветна цена ќе одиме во загуба, ќе ги продадеме овците и ќе преминеме на тутун или на некоја друга култура. Прв јас ќе ги продадам моите 4.000 овци. Субвенции не сакам, нека ни дадат соодветна цена, вели Амити.

Поради, според него, несоодветните политики на државата која не го препознава овчарството како гранка од национален интерес, бројот на овци од 500.000, се намали на едвај 300.000.

-И се чудам на државава. Сите овци се продадоа, немаме работна сила, немаме средства и никој не прави ништо. Не можеме да се издржуваме, ситуацијата е многу критична. Три години е вака и никој не обрнува внимание, а 15 милиони евра девизен прилив се остварува од јагнето во земјава. За разлика од нас, Србија од 100.000 овци некогаш, сега има четири милиони, но дава 65 евра субвенција, а не 15 евра како кај нас, потенцира Меџити.

Според него, грчките трговци за јагнето даваат по 6,7 евра. Конкретно, толкава е цената во Лариса, а нашите велат дека не можат толку да го продатат. Притоа, најмногу соработуваат со Хрватска и Италија.

-Првиот состотанок со надлежните немаше резултат, вториот исто. Денеска трет пат ќе се обидеме да најдеме решение, истакна Амити, додавајќи дека Министерството не ги информирало за вчерашната средба со откупувачите.

На средбата, како што соопшти МЗШВ, откупувачите посочиле дека не очекуваат проблеми со пласманот и дека јагнето ќе биде откупено во целост.

Во моментов земјава располага со 150.000 – 200.000 јагниња за продажба. /МИА

Апелација на јавна седница ќе одлучува за притворот на Мијалков

Апелацискиот суд во Скопје денеска на јавна седница ќе ги разгледува жалбите на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, за мерката притвор што му беше определена при изрекувањето на пресудата во случајот „Титаник 2″.

Во првостепената пресудата за „Титаник 2" Мијалков е осуден на три години затвор, Мендух Тачи на три години и два месеци, Бедредин Ибраими на четири години и шест месеци, Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска добија по три години затвор.

Судот го прифати барањето на СЈО и им определи притвор на Сашо Мијалков и на Бедредин  Ибраими, а останатите четворица осудени добија мерки за претпазливост. Обвинителите побараа притвор поради опасност од бегство.

Според обвинението од СЈО, Мијалков како директор на УБК и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го искористил своето влијание и преку Мендух Тачи договорил да се усвојат приговорите за прегласување на три избирачки места во Струмица на локалните избори 2013 година. /МИА.

Брегзит во рацете на британските пратеници

Британските пратеници гласаа за да ја преземат контролата од владаа над дневниот ред во парламентот, со цел утре да можат да одржат низа гласања за алтернативните опции за Брегзит.

Пратениците би можеле да гласаат за седум различни опции, вклучително одржување на нов референдум, излегување од Европска унија без договор или со договор каков што има Норвешка, а со кој Велика Британија би имала пристап до единствениот пазар на ЕУ и до зоните за слободна трговија.

Една од опциите би можела да биде откажување од Брегзит.

притисни ентер