Сопругата на Шумахер пред неговиот 50. роденден : ,,Даваме се од себе”

Утре Михаел Шумахер ќе наполни 50 години, а шест години поминаа од неговата тешка повреда на француските Алпи.

За тоа како се опоравува нема многу информации , така што изјавата на неговата сопруга Корина е најреална. ,,Бидете сигурни дека е во најдобри раце и правиме се што можеме за да му помогнеме.” порача сопругата на легендарниот возач на Формула 1.

,, Ве молам за разбирање што оваа чувствителна тема ја држиме во приватност , тоа беше желбата и на Михаел.Ви благодариме на пријателството и ви посакуваме здрава и среќна 2019. “ порача Корина.

Да потсетиме, на 29 декември 2013 Михаел и неговиот син Мик се скијаа во француското зимувалиште Марибел. Во еден момент Германецот излегол од патеката , се закачил за камен и полетал десет метри . При падот , удрил во главата на која имал кацига, а последиците беа драматични.

Брутоално го претепа противникот, па се молеше за неговиот живот (ВИДЕО)

Еден од најбруталните нокаути годинава е забележан во познатата бразилска организација Future ММА на приредбата Jungle Fight 86 .

Џонас Билхарињо го нокаутираше Џуниор Дуарте со брутално летечко колено. Ривалот беше толку повреден што Билхарињо веднаш ја запре прославата, падна на колена и почна да се моли за Дуарте биде во ред.

За Билхарињо ова беше прва борба по три и пол години. Запиша седум победи во својата кариера, само еден пораз и едно реми. По неговиот единствен пораз, тој направи пауза до овој викенд , кој заврши со брутално претепување на  Дуарте.

Порака до Ѓоковиќ , Федерер и Надал - ,,Ќе ве тргнeмe од врвот”

Денис Шаповалов го освои турбнирот во Стокхолм , прв во својата кариера.

20- годишниот канадски тенисер , моментално на 27. место на АТП листата , по победата изјави дека е време младите да ја наследат големата тројка – Режер Федерер , Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

"Сигурен сум дека ќе има многу изненадувања следната сезона. Очигледно, големите тројца се уште се таму, тие се уште играат добро. Сепак, порано или подоцна, ќе ги исфрлиме од врвот. Само треба да бидеме трпеливи", рече Шаповалов, откривајќи кој би можел да ги загрози најдобрите.

"Помладите играчи полека се искачуваа по скалите на АТП. Медведев направи голем пробив во последните неколку месеци. Сигурен сум дека многумина ќе го следат затоа што има многу талентирани момци. Постојат и Тијафое, Циципас, Зверев ... Секој има свој пат."

Канаѓанецот е исто така еден од оние кои би можеле да ја одбележат иднината на тенисот.

"Мислам дека лесно се пробив на  АТП-скалата со неколку добри резултати. Сепак, мојата игра сè уште не е на највисоко ниво. Имав многу подеми и падови. Така, во последните неколку години работев да ги корегирам слабостите во играта, така што е уште подобра". , заклучи тој.

УЕФА ја казни Србија , во ФСС не знаат зошто

Дисциплинската комисија на УЕФА го казни Фудбалскиот сојуз на Србија со два натпревара пред празни трибини (вториот натпревар условно) поради организациски пропусти на натпреварот против Португалија (2:4).

Од УЕФА сè уште нема стигнато образложение за одлуката, но сигурно е дека само на деца до 14 години ќе им биде дозволен пристап на трибините на натпреварот на домашен терен  против Луксембург.

Таков пример веќе е виден на натпревар на Партизан во Лигата на Европа.

Само теоретски шанси има за  Србија да влезе директно во Европското првенство. Имаат уште два натпревари до крајот.

Дома им доаѓа Луксембург , а три дена подоцна ќе бидат домаќини на Украина.

притисни ентер