Јаница Костелиќ доби најубав новогодишен подарок – стана мајка

Најуспешната скијачка на Хрватска рано утрово се породи и доби син.

Во болницата во Загреб , Јаница со царски рез се породи и доби син. Бебето е тешко 2 750 грама.

И мајаката и синчето се добро , јавуваат од болницата. јаница прв пат откри дека е бремена во октомври , кога најави дека синчето ќе се вика Оскар.

,,Мојот син ќе се вика Оскар. Сигурно дека ќе го поттикнувам да се занимава со скијање . Со што и да се занимава , битно е да ужива во тоа , да биде среќен и задоволен. “, изјави Костелиќ во октомври.

Двајца мигранти држеле во заложништво други 19 мигранти во Ваксинце

СВР Куманово денеска по претходно добиени сознанија дека во објект во село Ваксинце две лица – мигранти држеле поголема група мигранти во заложништво, во напуштен објект пронајде 21 лице – мигранти.

Од МВР денеска информираа дека по преземените мерки и активности, во напуштениот објект се пронајдени 21 мигрант, од кои двајца се сторители од Пакистан и се лишени од слобода и 19 оштетени лица – мигранти.

Се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок. /MИА

Руски новинари дошле да го поддржат колегата , сите завршиле во притвор (ВИДЕО)

Околу 20 руски новинари, кои дошле да го поддржат поранешниот новинар на „Комерсант“ Иван Сафронов, обвинет за предавство, беа приведени пред затворот Лефортово.

Учесниците на мирниот протест, претежно новинари, носеа маички „Слобода за Сафронов“, а беа придружувани со полициски комбиња без никакво образложение.

Сафронов, кој е уапсен на 7 јули, тогаш беше на позицијата советник на шефот на руската агенција за вселенско истражување (Роскосмос).

Федералната служба за безбедност (ФСБ) објави дека Сафронов им предал тајни податоци за воено-техничката соработка меѓу Русија и африканските земји на една од специјалните служби на НАТО во текот на 2017 година.

Обвинението за Сафронов треба да биде официјално претставено денес.

Градоначалникот на Загреб ја стави маската – на очи (ФОТО)

Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ се најде на удар на критиките, откако неправилно ј носеше заштитната маска на прес-конференцијата на Кризниот штаб во Загреб.

Според загрепскиот портал „Днавник.хр“, Бандиќ покажал како маската не треба да се користи.

Порталот означува дека кога пристигнал на конференцијата, тој ја носел маската над устата, но не и над носот.

Потоа застанал зад подиумот и ја извади маската и повеќепати ја допираше однадвор со рацете.

После одговорот, ја врати на лицето, но над очите.

На крајот на текстот, Дневник потсетува дека обврската да носат маски е проширена во цела Хрватска, но ги повикува читателите да не го прават тоа како Бандиќ.

Ова не е прв сличен инцидент со маската на загрепскиот градоначалник.

притисни ентер