Џош Духамел: Барам млада жена што ќе ми роди многу деца

Џош Духамел призна во едно ново интервју дека барал девојка која била “доволно млада за да ми даде повеќе деца”.

Поранешниот сопруг на поп-пејачката Ферги додава: “Јас немам 30 години. Имам 45 години. Сакам да имам повеќе деца во следните неколку години. “

Џош е убеден дека за да ги реализира своите планови, тој ќе мора да бара доволно млада жена. “Јас не паѓам на авантури за една ноќ. Јас не сум таков човек. Се обидувам да најдам девојка со која можам да создадам семејство. “

Духамел и Ферги имаат 5-годишен син Аксел Џек. Тие се разделија во 2017 година по долгиот брак.

„Имавме одлични односи со Ферги. Ја сакам се уште и секогаш ќе ја сакам. За жал, нашиот брак не функционираше, но секогаш ќе ја чувам – таа е мајка на мојот син “, додаде Џош.

Последниот однос на актерот беше со актерката Аиза Гонзалес, со која се раздели во текот на летото.

Маск и австралискиот премиер во онлајн расправија за снимки од терористички напад

Австралискиот премиер Ентони Албанез го нарече Илон Маск арогантен милијардер, откако неговата платформа X го одложи отстранувањето на снимките од минатонеделниот напад во Сиднеј.

Австралискиот суд вчера му нареди на X (поранешен Твитер) да ги отстрани видеата од настанот. Х претходно најави дека ќе ја отстрани наведената содржина по законска одредба, пишува Би-Би-Си.

Маск во меѓувреме објави меме во кое ја обвинува владата за цензура.

Албанез денеска за Еј-Би-Си изјави дека Маск е арогантен милијардер кој мисли дека е над законот и пристојноста.

Независен интернет регулатор минатата недела им се закани на X и другите компании за социјални медиуми со високи казни доколку не ги отстранат видеата од нападот со нож во црквата Христос Добриот Пастир, кој полицијата го прогласи за терористички чин.

X тврдеше дека оваа одредба не е во опсегот на австралиското право. Регулаторот потоа побара судска забрана за објавување на спорните снимки, а набрзо дојде до расправија на социјалните мрежи и во медиумите.

„Би сакал да го искористам овој момент за да му се заблагодарам на премиерот што ѝ посочи на јавноста дека оваа платформа е единствената што ја покажува вистината“, напиша Маск. Тој претходно ја критикуваше австралиската комесарка за безбедност на Интернет, Џули Инман Грант, опишувајќи ја како „австралиски комесар за цензура“.

Албанец застана во одбрана на Инман Грант, велејќи дека таа ги штити граѓаните на Австралија.

- Социјалните медиуми мора да бидат и општествено одговорни. Тоа не е случај со Маск“, додаде тој. X мора да ги отстрани спорните снимки во рок од 24 часа по одлуката на судот. /МИА

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

За безвижен режим за патување во ЕУ гласаа 406 од 597 европратеници.

Европскиот парламент денеска изгласа либерализација на визите за имателите на српски пасоши од Косово, кои ги издава Координативната администрација на Србија, на предлог на европратеникот и известувач за укинување на тие визи, Матјаж Немец.

За безвижен режим за патување во ЕУ гласаа 406 од 597 европратеници - до 90 дена за имателите на пасоши издадени од Координативната управа на Србија, 97 беа против, а 94 беа воздржани.

Германецот, обраќајќи им се на членовите на ЕП пред гласањето, рече дека тоа е важно гласање и одлука која ќе го подобри животот на 18.000 српски државјани на Косово, кои се носители на специјални пасоши. /МИА

Вучиќ: Со кампањата во Македонија, Курти ја поткопува регионалната стабилност

Предизборната кампања во Македонија најде место и на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации, каде синоќа се расправаше за извештајот за работата на УМНИК на Косово.

Српскиот претседател Вучиќ во своето обраќање рече дека косовскиот премиер Курти се мешал во внатрешните работи на Македонија и дека бил вклучен во предизборната кампања во земјава. Косовската претсеателка Вјоса Османи, пак, обвини дека Белград со терористички тактики го поткопувал уставниот поредок во Косово.

притисни ентер