Видео: Богдановиќ со тројка со звукот на сирената ги „реши“ Лејкерси

Сакраменто го сруши ЛА Лејкерс со тројка на српскиот бек Богдан Богдановиќ во последната секунда од мечот.

Кралевите од Сакраменто го добија тимот од Лос Анџелес со 117-116, а херој на триумфот беше Богдановиќ кој буквално со звукот на сирената постигна тројка од 8 метри за голема победа.

Иако Лејкерси во текот на последната четвртина во еден момент имаа предност и од цели 15 поени сепак на крајот се радуваше тимот на Сакраменто.

Лејкерси на 41 секунда до крајот имаа позитива од три поени, Кузма погоди тројка, истиот играч потоа беше половичен од линијата за слободни фрлања за предност од 116-114. Тогаш на сцената стапи Богдановиќ . На 4,6 секунди пред крајот Богдановиќ ја доби топката од аут по што со еден дриблинг и чекор во назад српскиот бек погоди преку високиот Чендлер за триумф и голема радост.

Кингси предводени од одличниот Богдановиќ кој во последните 6 минути од мечот постигна 12 поени го добија дербито на денот. Богдановиќ дуелот го заврши со 23 поени.

Езерџиите дербито на западот го одиграа без повредениот Леброн Џејмс.

Резултати од НБА :

Хјустон – Бостин 127 – 113

Милвоки – Њујорк 112 – 96

Голден Стејт – Портланд 109 – 110 по продолжение

Јута – Филаделфија 97 - 114

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс искажа комплименти за центарот на Деневер, Никола Јокиќ.

Лејкерси ќе се сретнат со Нагетс во 1. коло од плејофот, а дуелот Џејмс – Јокиќ предизвикува големо внимание кај светската кошаркарска јавност.

- Еден од најдобрите досега. Едноставно е таков. Јокиќ може се. Што е најважно, тој го менува начинот на кој неговите соиграчи размислуваат за сопствената игра. Кога некој може да ги инспирира другите да играат на ниво на кое не ни знаеле дека можат, тоа е доказ дека зборуваме за навистина одличен играч, рече Џејмс.

Првата средба во плејоф пресметките меѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер нагетс е закажана за утре. /МИА

притисни ентер