Прогласени најдобрите во мак фудбалот во 2018

Напаѓачот на Шкендија, Бесарт Ибраими, е прогласен за најдобар фудбалер на Македонија за сезоната 2017/2018.

Ибраими на свечена церемонија во МНТ во организација на ФФМ го доби и признанието за најдобар стрелец во шампионатот.

Капитенот на нашата најдобра репрезентација Горан Пандев доби посебно признание за долготраен придонес во македонскиот фудбал. Признанието за најдобар интернационалец го понесе Енис Барди фудбалерот на шпанскиот Леванте.

Најдобар тренер за изминатата 2017/2018 сезона е Ќатип Османи од тимот на Шкендија.

Еве каде завршија другите предвидени награди:

Фер-плеј екипа: ФК Шкендија

Најдобар фудбалски работник: Кирил Гогов (ФК Кит Го – Пехчево)

Најдобар судија: Марјан Маркоски (Охрид)

Најдобар клуб во младински фудбал: ФК Шкендија

Најдобар млад фудбалер: Енис Фазлагиќ (ФК Шкендија)

Најдобар тренер во младински фудбал: Беким Османи (ФК Шкендија)

Најдобар стрелец во младински фудбал: Абулхади Јахја (ФК Вардар)

Најдобар фудбалер во футсал: Дарко Рангетов (КМФ Велес)

Најдобар тренер во футсал: Марјан Стефановски (КМФ Велес)

Најдобар тренер во женски фудбал: Илија Мандаров (ЖФК Драгон)

Најдобра фудбалерка: Александра Ристовска (ЖФК Тиверија)

Најдобар стрелец во женски фудбал: Улза Максути (ЖФК АС јунајтед)

Млад перспективен фудбалер во женски фудбал: Јана Чубриновска

Признание за придонес во женски фудбал: Славе Велков

Батлер чека вести за својата повреда: Немам добро чувство...

Бекот на Мајами, Џими Батлер, ќе биде подложен на магнетна резонанца на повреденото десно колено пред да гостува во Чикаго во меч од плеј-инот на НБА.

Конечната одлука нема да биде донесена додека не се прочитаат резултатите од тестовите, а Батлер би можел да пропушти барем неколку недели. Кошаркарот се повреди во првата четвртина од натпреварот против Филаделфија.

- Немам добро чувство, тоа е се што можам да кажам. Се надевам дека сум добро, коментираше Џими Батлер по натпреварот.

Агентот на Батлер, Берни Ли потврди за западните медиуми дека степенот на повредата се уште е нејасен.

Триесет и четири-годишниот бек имаше просек од 20,8 поени на 60 натпревари за Хит оваа сезона. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер