Хиршер им се приближува на Стенмарк и Вон

Со освојувањето на првото место во слалом во австриски Салбах , Марсел Хиршер ја запиша 63. победа во Светскиот куп.

Со тоа Австриецот стана трет во историјата на скијањето со толкав број победи. Тој до сега беше изедначен со својата сонародничка, Анемари Мозер-Прел со по 62 победи. Со победата во Салбак , Хиршер го достигна третото место.

Пред него е Американката Линдзи Вон со 82 победи и Швеѓанецот Ингемар Стенмарк со 86 победи, кој го држи првото место со најголем број победи на светски купови.

Британското кралско семејство продава џин – 40 фунти за шише

Британското кралско семејство започна со продажба на џин со лимон, врбен, бобинки од глог и лисја од сливи.

Состојките се собрани во градината на кралицата Елизабета Втора во палатата Бакингем.

Кралската продавница за сувенири нуди мала серија џин по цена од 40 фунти по шише, но само за испорака во Велика Британија, пренесува Ројтерс.

„Рачно собраните зелени билки од извонредната градина на Бакингемската палата се комбинираат за да создадат уникатен џин полн со вкус“, пишува на етикетата на шишето, заедно со фотографија од палатата на кралицата во Лондон.

Двајца мигранти држеле во заложништво други 19 мигранти во Ваксинце

СВР Куманово денеска по претходно добиени сознанија дека во објект во село Ваксинце две лица – мигранти држеле поголема група мигранти во заложништво, во напуштен објект пронајде 21 лице – мигранти.

Од МВР денеска информираа дека по преземените мерки и активности, во напуштениот објект се пронајдени 21 мигрант, од кои двајца се сторители од Пакистан и се лишени од слобода и 19 оштетени лица – мигранти.

Се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок. /MИА

Руски новинари дошле да го поддржат колегата , сите завршиле во притвор (ВИДЕО)

Околу 20 руски новинари, кои дошле да го поддржат поранешниот новинар на „Комерсант“ Иван Сафронов, обвинет за предавство, беа приведени пред затворот Лефортово.

Учесниците на мирниот протест, претежно новинари, носеа маички „Слобода за Сафронов“, а беа придружувани со полициски комбиња без никакво образложение.

Сафронов, кој е уапсен на 7 јули, тогаш беше на позицијата советник на шефот на руската агенција за вселенско истражување (Роскосмос).

Федералната служба за безбедност (ФСБ) објави дека Сафронов им предал тајни податоци за воено-техничката соработка меѓу Русија и африканските земји на една од специјалните служби на НАТО во текот на 2017 година.

Обвинението за Сафронов треба да биде официјално претставено денес.

притисни ентер