Македонија и понатаму на 68 позиција на листата на ФИФА

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија и на последното рангирање на ФИФА го задржа 68 место на листата на најдобрите селекции во светот.

Црвено жолтите 2018 со збир од 1343 поени ја завршуваат на 68 позиција, место на кое нашиот национален тим се наоѓа веќе неколку месеци.

Македонија 2018 година ја завршува на 68 место на листата на ФИФА Македонската фудбалска репрезентација останува на 68. позиција на последното рангирање за 2018 година на ФИФА.

Годината ја започнавме како 76 репрезентација на листата на ФИФА а ја завршуваме на 68 место, што е огромен скок во рејтингот ако се земе во предвид дека во 2016 година бевме дури на 162 место.

Во осумте средби во 2018 година избраниците на селекторот Игор Ангеловски остварија скор од 5 победи, две нерешени средби и еден пораз.

На врвот на листата на ФИФА и понатаму е Белгија пред светскиот шампион Франција, трет е Бразил а на четвртата позиција е вицешампионот Хрватска. Во топ десетте се и Англија, Португалија, Уругвај, Швајцарија, Шпанија и Данска.

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

За безвижен режим за патување во ЕУ гласаа 406 од 597 европратеници.

Европскиот парламент денеска изгласа либерализација на визите за имателите на српски пасоши од Косово, кои ги издава Координативната администрација на Србија, на предлог на европратеникот и известувач за укинување на тие визи, Матјаж Немец.

За безвижен режим за патување во ЕУ гласаа 406 од 597 европратеници - до 90 дена за имателите на пасоши издадени од Координативната управа на Србија, 97 беа против, а 94 беа воздржани.

Германецот, обраќајќи им се на членовите на ЕП пред гласањето, рече дека тоа е важно гласање и одлука која ќе го подобри животот на 18.000 српски државјани на Косово, кои се носители на специјални пасоши. /МИА

Вучиќ: Со кампањата во Македонија, Курти ја поткопува регионалната стабилност

Предизборната кампања во Македонија најде место и на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации, каде синоќа се расправаше за извештајот за работата на УМНИК на Косово.

Српскиот претседател Вучиќ во своето обраќање рече дека косовскиот премиер Курти се мешал во внатрешните работи на Македонија и дека бил вклучен во предизборната кампања во земјава. Косовската претсеателка Вјоса Османи, пак, обвини дека Белград со терористички тактики го поткопувал уставниот поредок во Косово.

Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци

 Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, соопшти денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (СЕКО).

Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.

Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е помала отколку на крајот на 2022 година, кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци.

„Вредноста на финансиските средства замрзнати во врска со санкциите против Русија изнесуваше 5,8 милијарди швајцарски франци на 31 декември 2023 година. Ова е за 1,7 милијарди швајцарски франци помалку од бројката пријавена за декември 2022 година. Покрај тоа, сега се блокирани 17 имоти во 7 кантони“ се вели во соопштението на СЕКО. /МИА

притисни ентер